ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/11 стр. 21-25
  • Биди им послушен на Јеховините пастири

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди им послушен на Јеховините пастири
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОБРИОТ ПАСТИР ПОСТАВУВА И ДРУГИ ПАСТИРИ
  • ДОБРИОТ ПАСТИР ГИ ХРАНИ И ГИ ШТИТИ ОВЦИТЕ
  • КАКО ТРЕБА ДА ГЛЕДАМЕ НА МААНИТЕ НА СТАРЕШИНИТЕ?
  • „ЕДНО СТАДО СО ЕДЕН ПАСТИР“
  • Старешини, угледајте се на Најголемите Пастири
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Нежно да се пасат Јеховините скапоцени овци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • „Пасете го Божјето стадо кое ви е доверено“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Понизно да им се подложуваме на грижливите пастири
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/11 стр. 21-25

Биди им послушен на Јеховините пастири

„Бидете им послушни на оние што ве предводат и бидете им подложни — зашто тие бдеат над вашите души“ (ЕВР. 13:17)

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Како се грижат собраниските старешини за Божјето стадо?

  • Зошто овците треба да ги слушаат старешините кои служат како пастири?

  • Зошто несовршенството на старешините не треба да ни служи како изговор да не ги слушаме библиските совети што ни ги даваат?

1, 2. Зошто Јехова се споредува себеси со пастир?

ВО БИБЛИЈАТА, Јехова се споредува себеси со пастир (Езек. 34:11-14). Ова е важно бидејќи ни помага да сфатиме каков е тој. Еден грижлив пастир презема целосна одговорност за животот на овците кои му се доверени. Тој ги води на пасишта и на водни извори (Пс. 23:1, 2); ги чува дење и ноќе (Лука 2:8); ги штити од грабливци (1. Сам. 17:34, 35); ги носи во прегратка јагнињата (Иса. 40:11); ги бара заскитаните овци и добро се грижи за повредените (Езек. 34:16).

2 Бидејќи во старо време повеќето Божји слуги биле пастири и земјоделци, веднаш им било јасно што сакал да каже Јехова Бог кога се споредил себеси со грижлив пастир. Тие добро знаеле дека на овците им треба грижа и внимание за да бидат здрави. Во духовна смисла, истото важи и за луѓето (Мар. 6:34). Ако не се згрижени во духовен поглед и ако немаат водство, тие страдаат. Како „овци што немаат овчар“, таквите лица лесно можат да застранат во морален поглед и да им станат лесен плен на грабливците (1. Цар. 22:17). Но, Јехова со љубов се грижи за потребите на својот народ.

3. Што ќе разгледаме во оваа статија?

3 И ние денес сфаќаме зошто Јехова се споредил со пастир. Тој сѐ уште се грижи за својот народ како за свое стадо. Во оваа статија ќе видиме како нѐ води и како ги задоволува нашите потреби, и што треба да правиме за да извлечеме потполна корист од неговото водство и грижа.

ДОБРИОТ ПАСТИР ПОСТАВУВА И ДРУГИ ПАСТИРИ

4. На кој начин Исус се грижи за Јеховините овци?

4 Јехова го поставил Исус како Глава на христијанското собрание (Еф. 1:22, 23). Тој е „добриот пастир“, кој е ист како својот Татко. Исус се грижи за Јеховините овци и толку многу ги сака што го дал и својот живот за нив (Јован 10:11, 15). Неговата откупна жртва е навистина прекрасен дар за човештвото! (Мат. 20:28). Всушност, Божја намера е „секој што верува во [Исус] да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).

5, 6. а) Кого го поставил Исус да се грижи за неговите овци, и што треба да прават овците за да извлечат корист од таквата грижа? б) Која е најважната причина зошто треба спремно да им се подложуваме на старешините?

5 Како овците покажуваат дека Исус Христос е нивниот Пастир? Самиот тој рекол: „Моите овци го слушаат мојот глас, и јас ги знам, и тие одат по мене“ (Јован 10:27). Ние го слушаме гласот на Добриот Пастир кога го следиме неговото водство во сѐ. Ова значи дека треба да соработуваме и со оние што тој ги овластил да се грижат за стадото. Исус кажал дека неговите апостоли и ученици ќе треба да го продолжат делото што тој го започнал. Тие требало да ‚ги учат‘ и да ‚ги хранат неговите овчички‘ (Мат. 28:20; прочитај Јован 21:15-17). Додека добрата вест се ширела, растел и бројот на ученици на Христос. Затоа тој се погрижил да има зрели христијани кои ќе служат како пастири во собранијата (Еф. 4:11, 12).

6 Во првиот век, апостол Павле им кажал на старешините во Ефес дека светиот дух ги поставил како надгледници за ‚да го пасат Божјето собрание‘ (Дела 20:28). Истото важи и за христијанските старешини денес. И тие се именувани преку светиот дух бидејќи ги исполнуваат барањата кои под водството на тој дух биле запишани во Библијата. Затоа, кога сме им послушни на старешините, ние покажуваме почит кон Јехова и кон Исус, двајцата најголеми Пастири (Лука 10:16). Се разбира, ова треба да биде најважната причина зошто спремно им се подложуваме на старешините. Но, мудро е да ги слушаме и од други причини.

7. Како старешините ти помагаат да задржиш добар однос со Јехова?

7 Старешините секогаш им даваат охрабрување и водство на своите браќа и сестри користејќи стихови од Библијата или библиски начела. Кога ги советуваат, нивната цел не е да им диктираат како да го живеат својот живот (2. Кор. 1:24). Напротив, тие сакаат да им помогнат на своите соверници сами да донесат добри одлуки на темел на библиските начела. На тој начин, старешините се трудат да го зачуваат редот и мирот во собранието (1. Кор. 14:33, 40). Тие ‚бдеат над нашите души‘ во таа смисла што се трудат да му помогнат на секој член на собранието да задржи близок однос со Јехова. Затоа, кога ќе забележат дека некој соверник е на пат да згреши или веќе направил грев, спремни се веднаш да му помогнат (Гал. 6:1, 2; Јуда 22). Зарем ова не се добри причини ‚да им бидеме послушни на оние што нѐ предводат‘? (Прочитај Евреите 13:17.)

8. Како старешините го штитат Божјето стадо?

8 Апостол Павле, кој и самиот бил духовен пастир, им го напишал следново на своите браќа во Колоси: „Пазете се некој да не ве заведе со мудрување и со празна измама, која се темели на човечки преданија, на начелата на овој свет, а не на Христовите учења“ (Кол. 2:8). Ова предупредување посочува уште една причина зошто треба да го следиме водството на старешините. Тие ги штитат своите браќа од сите оние што сакаат да им ја поткопаат верата и да ги оддалечат од Јехова. Апостол Петар предупредил дека ќе се појават „лажни пророци“ и „лажни учители“ кои ќе се обидат да ‚ги измамат непостојаните души‘ и да ги наведат да направат грев (2. Пет. 2:1, 14). И денес старешините мора да даваат слични предупредувања кога е неопходно. Како зрели христијани, тие имаат поголемо животно искуство. Освен тоа, пред да бидат именувани, покажале дека јасно ја разбираат Библијата и дека се способни да ги поучуваат другите за вистината (1. Тим. 3:2; Тит 1:9). Благодарение на својата зрелост и урамнотеженост, како и на мудроста што ја стекнале со проучување на Божјата Реч, тие можат да им дадат добро водство на своите браќа и сестри.

Исто како што пастирот го штити своето стадо, така и старешините ги штитат овците кои им се доверени (Види во пасус 8)

ДОБРИОТ ПАСТИР ГИ ХРАНИ И ГИ ШТИТИ ОВЦИТЕ

9. Како Исус го води и го храни христијанското собрание денес?

9 Преку својата организација, Јехова обезбедува изобилство од духовна храна за сите браќа и сестри низ целиот свет. Во нашите публикации има многу библиски совети. Освен тоа, понекогаш организацијата им дава директни упатства на собраниските старешини, или преку писма или преку патувачките надгледници. На таков начин, овците добиваат јасно водство.

10. Што треба да сторат грижливите пастири кога некоја овца ќе залута од стадото?

10 Како грижливи пастири, старешините се должни да ги штитат и да ги поучуваат членовите на собранието. Освен тоа, тие треба да се грижат и за нивното духовно здравје, особено на оние што ослабнале во верата или направиле сериозни грешки. (Прочитај Јаков 5:14, 15.) Некои од нив можеби залутале од стадото и престанале да учествуваат во христијанските активности. Ако тоа е случај, зарем еден грижлив старешина нема да стори сѐ што може за да ја најде загубената овца и да ја поттикне да се врати во трлото, односно во собранието? Се разбира дека ќе постапи така! Исус рекол: „Мојот Татко, кој е на небото, не сака да загине ниту еден од овие маливе“ (Мат. 18:12-14).

КАКО ТРЕБА ДА ГЛЕДАМЕ НА МААНИТЕ НА СТАРЕШИНИТЕ?

11. Зошто на некои им е тешко да го следат водството на старешините?

11 Јехова и Исус се совршени Пастири. Но, луѓето на кои им ја довериле одговорноста да служат како пастири во собранијата не се. Од таа причина можеби на некои им е тешко да го следат нивното водство. Тие можеби си велат: ‚И старешините се несовршени како нас. Зошто да ги слушаме нивните совети?‘ Точно е дека старешините се несовршени. Сепак, треба да имаме исправно гледиште за нивните маани и слабости.

12, 13. а) Какви грешки направиле некои Божји слуги кои биле на одговорни положби? б) Зошто грешките на некои одговорни мажи биле запишани во Библијата?

12 Во Библијата отворено се зборува за пропустите и слабостите на оние кои Јехова ги користел да го водат неговиот народ во минатото. На пример, Давид бил помазан како цар и водач на Израел. Сепак, попуштил на искушението, и извршил прељуба и убиство (2. Сам. 12:7-9). Размисли и за апостол Петар. Иако му била доверена голема одговорност во христијанското собрание во првиот век, тој направил сериозни грешки (Мат. 16:18, 19; Јован 13:38; 18:27; Гал. 2:11-14). Всушност, освен Исус, ниту еден човек што живеел по Адам и Ева не бил совршен.

13 Зошто Јехова се погрижил да бидат запишани во Библијата грешките на некои негови слуги кои биле на одговорни положби? Една причина е тоа што сакал да покаже дека може да користи несовршени луѓе за да го води својот народ. Всушност, тој отсекогаш го правел тоа. Затоа, слабостите на оние што нѐ предводат не треба да ни служат како изговор да негодуваме против нив или да не се подложуваме на нивниот авторитет. Јехова очекува да ги почитуваме таквите браќа и да им бидеме послушни. (Прочитај 2. Мојсеева 16:2, 8.)

14, 15. Што учиме од начинот на кој Јехова му давал упатства на својот народ во минатото?

14 Денес е многу важно да им бидеме послушни на оние што нѐ предводат. Размисли како Јехова го водел својот народ во текот на некои тешки периоди во минатото. Кога Израелците го напуштиле древниот Египет, Бог им давал упатства преку Мојсеј и Арон. За да не бидат погодени од десеттата неволја, тие требало да го послушаат она што им било кажано — да подготват посебна вечера и да ги попрскаат со крвта на закланото јагне довратниците и надвратникот на влезната врата од своите куќи. Дали Бог директно им зборувал од небото? Не, тие требало да ги послушаат старешините во Израел, кои добиле конкретни упатства од Мојсеј (2. Мој. 12:1-7, 21-23, 29). На овој начин, Јехова ги употребил Мојсеј и другите старешини за да му даде водство на народот. Денес христијанските старешини имаат слична важна улога.

15 Веројатно можеш да се сетиш и на многу други прилики кои се запишани во Библијата кога Јехова користел луѓе или ангели за да му даде животоспасувачки упатства на својот народ. Во сите тие ситуации, Бог одлучил да овласти други лица да го застапуваат. Гласниците зборувале во негово име и им објаснувале на Божјите слуги што треба да прават за да се спасат кога животот им бил во опасност. Може да бидеме уверени дека Јехова ќе го стори истото за својот народ и во Армагедон. Се разбира, сите старешини кои денес имаат одговорност да го застапуваат Јехова и неговата организација мора многу да внимаваат никогаш да не го злоупотребат авторитетот што тој им го дал.

„ЕДНО СТАДО СО ЕДЕН ПАСТИР“

16. Која „реч“ треба да ја слушаме?

16 Јеховиниот народ е „едно стадо со еден пастир“, Исус Христос (Јован 10:16). Тој им кажал на своите ученици дека ќе биде со нив „во сите денови до свршетокот на овој поредок“ (Мат. 28:20). Како небесен Цар, Исус има целосна контрола над сите настани што ќе водат до уништувањето на Сатановиот свет. За да останеме обединети и на сигурно во Божјата организација, треба да ја слушаме ‚речта зад нас‘, која ни кажува каде да одиме. Во оваа „реч“ спаѓа сето она што е запишано во Библијата под водство на Божјиот свет дух, како и она што го кажуваат Јехова и Исус преку пастирите во собранијата. (Прочитај Исаија 30:21; Откровение 3:22.)

Старешините се трудат да ги заштитат семејствата со еден родител од лошо друштво (Види во пасуси 17-18)

17, 18. а) Каква опасност му се заканува на стадото, но во што може да бидеме уверени? б) Што ќе разгледаме во следната статија?

17 Библијата вели дека Сатана „оди наоколу како разрикан лав и бара некого да проголта“ (1. Пет. 5:8). Тој го демне стадото како гладен ѕвер, и едвај чека да ги зграпчи невнимателните или оние што ќе залутаат. Ова е уште една добра причина зошто треба да останеме многу близу до стадото и до ‚пастирот и чувар на нашите души‘ (1. Пет. 2:25). Во врска со оние што ќе ја преживеат големата неволја, во Откровение 7:17 се вели дека Исус „ќе ги пасе и ќе ги води на извори на води на животот. И Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи“. Зарем може да има поубаво ветување од ова?

18 Христијанските старешини навистина имаат важна улога како пастири поставени од Јехова. Како можат да бидат сигурни дека добро се грижат за овците на Исус? Ова ќе го разгледаме во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели