ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/4 стр. 3-4
  • Зошто да ја проучуваш Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да ја проучуваш Библијата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Зошто треба да знаеме нешто повеќе за Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Библиски курс за секого
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Дали Библијата навистина потекнува од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Вистински учења што му се угодни на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/4 стр. 3-4
Човек ја чита Библијата во библиотека

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | САКАШ ЛИ ДА ЗНАЕШ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА БИБЛИЈАТА?

Зошто да ја проучуваш Библијата?

  • Која е смислата на животот?

  • Зошто луѓето страдаат и умираат?

  • Што ни носи иднината?

  • Дали Бог се грижи за мене?

Дали некогаш си размислувал за некое од овие прашања? Ако да, не си единствениот. Многу луѓе низ целиот свет си поставуваат вакви длабоки прашања. Но, дали е можно да се најде одговорот?

Милиони луѓе би рекле „да“. Зошто? Затоа што тие нашле задоволувачки одговори на своите прашања во Библијата. Дали и ти сакаш да дознаеш што вели Библијата? Ако да, можеш бесплатно да ја проучуваш со Јеховините сведоциa‚ односно да започнеш библиски курс.

Кога ќе им се понуди да ја проучуваат Библијата, некои луѓе велат: „Немам време“, „Тешка е за разбирање“ или „Не сакам обврски“. Но, други не го делат нивното мислење. Тие сакаат да дознаат што пишува во Библијата и затоа со задоволство одвојуваат време да ја проучуваат. Да разгледаме неколку примери.

  • „Одев во католички и протестантски цркви, во храм на Сиките, во будистички манастир и студирав на теолошки факултет. И покрај тоа, не добив одговор на моите прашања во врска со Бог. Но, една жена која беше Јеховин сведок дојде кај мене и ми одговори на прашањата со помош на Библијата. Бидејќи бев воодушевена од тоа, прифатив да ја проучувам Библијата“ (Џил, Англија).

  • „Имав многу прашања во врска со животот, но пасторот во мојата црква не ми даде задоволувачки одговори. Сепак, еден Јеховин сведок ми даде одговор на прашањата користејќи ја само Библијата. Кога ме праша дали сакам да научам нешто повеќе, со задоволство се согласив“ (Кофи, Бенин).

  • „Се прашував во каква состојба се мртвите. Мислев дека мртвите можат да им наштетат на живите, но сакав да знам што вели Библијата. Затоа почнав да ја проучувам со еден пријател кој беше Сведок“ (Жозе, Бразил).

  • „Почнав да ја читам Библијата, но не можев да ја разберам. По некое време, кај мене дојдоа Јеховини сведоци и ми објаснија неколку библиски пророштва. Сакав да дознаам нешто повеќе“ (Дениз, Мексико).

  • „Се прашував дали Бог навистина се грижи за мене. Затоа решив да му се молам на Богот кој се спомнува во Библијата. Следниот ден Сведоците дојдоа кај мене и почнав да ја проучувам Библијата“ (Енџи, Непал).

Овие искуства нѐ потсетуваат на зборовите што ги кажал Исус: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Како луѓе, создадени сме со духовни потреби. Само Бог може да ни помогне да ги задоволиме тие потреби и тоа преку неговата Реч, Библијата.

Но, како се проучува Библијата? Како може да ти користи проучувањето на Божјата Реч? Одговорот на овие прашања можеш да го прочиташ во следната статија.

a Јехова е името на Бог кое е запишано во Библијата.

ФАКТИ ЗА БИБЛИЈАТА

Отворена Библија
  • ИМЕ: доаѓа од грчкиот збор bi·bliʹa, што значи „мали книги“

  • СОДРЖИНА: 39 книги напишани на хебрејски јазик (со некои делови на арамејски) и 27 книги напишани на грчки јазик

  • НАПИШАНА: од околу 40 писатели во период од околу 1.600 години, од 1513 год. пр.н.е. до 98 год. од н.е.b

  • ЈАЗИЦИ: преведена е во целост или делумно на повеќе од 2.500 јазици

  • ТИРАЖ: околу 5 милијарди примероци, со што таа е најраспространетата книга на светот

b Кратенката пр.н.е. значи „пред нашата ера“, а кратенката н.е. значи „нашата ера“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели