ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/10 стр. 5
  • Зошто Бог сака да му се молиме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Бог сака да му се молиме?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бог сака да бидеме блиски со него.
  • Бог сака да ни помогне.
  • Луѓето имаат духовни потреби.
  • Дали Бог ги слуша твоите молитви?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Приближување на Бог во молитва
    Што бара Бог од нас?
  • Дали Јехова ги слуша нашите молитви?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/10 стр. 5

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ МОЛИШ?

Зошто Бог сака да му се молиме?

Бог сака да бидеме блиски со него.

Комуникацијата е неопходна за едно пријателство. Затоа, Бог нѐ поттикнува да зборуваме и да се зближиме со него. Тој вели: „Вие ќе ме повикувате, ќе доаѓате кај мене и ќе ми се молите, а јас ќе ве слушам“ (Еремија 29:12). Преку молитвата ти ќе му се приближиш на Бог, а и тој ќе ти се приближи тебе (Јаков 4:8). Библијата нѐ уверува: „Јехова е близу до сите што го повикуваат“ (Псалм 145:18). Колку повеќе му се молиме на Бог, толку поцврсто станува нашето пријателство со него.

„Јехова е близу до сите што го повикуваат“ (Псалм 145:18)

Бог сака да ни помогне.

Исус рекол: „Кој од вас, ако неговиот син го замоли за леб, ќе му даде камен? Или, ако го замоли за риба, зар ќе му даде змија? И така, ако вие... знаете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе вашиот Татко кој е на небесата ќе им даде добри работи на оние што го молат“ (Матеј 7:9-11). Бог нѐ повикува да му се молиме затоа што се ‚грижи за нас‘ и сака да ни помогне (1. Петрово 5:7). Тој дури и нѐ поттикнува да му ги кажеме сите наши проблеми. Во Библијата пишува: „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог“ (Филипјаните 4:6).

Луѓето имаат духовни потреби.

Стручњаците кои ја истражуваат човековата природа заклучиле дека стотици милиони луѓе чувствуваат потреба да се молат. Меѓу нив се и некои атеисти и агностици.a Ова го потврдува фактот дека луѓето се создадени со духовни потреби. Исус рекол: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Еден начин на кој можеме да ги задоволиме овие потреби е така што редовно ќе му се молиме на Бог.

Како ќе ни користи тоа што ќе му се молиме на Бог?

a Според една статистика од центарот за истражување Пју направена во 2012 год., 11 отсто од атеистите и агностиците во САД се молат најмалку еднаш месечно.

За што може да се молиме?

Од Библијата дознаваме дека може да се молиме за најразлични работи. Во молитва може:

  • Да си ги признаеме гревовите. „Ти го признав гревот и не ја прикрив вината“ (Псалм 32:5).

  • Да изразиме благодарност. „Добро е да ти се изразува благодарност тебе, Јехова“ (Псалм 92:1).b

  • Да го фалиме Бог. „Ќе го благословувам Јехова во секое време, пофалбата за него постојано ќе ми биде на усните“ (Псалм 34:1).

  • Да бараме водство. „Упати ме по патеката на твоите заповеди, зашто уживам да одам по неа“ (Псалм 119:35).

  • Да бараме сила. „Погледни ме и смилувај ми се! Својата сила дај му ја на твојот слуга“ (Псалм 86:16).

b Во некои преводи на Библијата, стиховите во Псалмите се нумерирани различно.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели