ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/12 стр. 6-7
  • Помош да ја разбереш Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош да ја разбереш Библијата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПОМОШ ДА СЕ РАЗБЕРАТ БОЖЈИТЕ ЗБОРОВИ ВО МИНАТОТО
  • ПОМОШ ДА СЕ РАЗБЕРЕ БИБЛИЈАТА ДЕНЕС
  • Уникатна интернет-страница
    Разбудете се! 2014
  • Содржина
    Разбудете се! 2014
  • Содржина
    Разбудете се! 2014
  • Содржина
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/12 стр. 6-7

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | МОЖЕШ ДА ЈА РАЗБЕРЕШ БИБЛИЈАТА

Помош да ја разбереш Библијата

Замисли си дека за прв пат посетуваш некоја странска земја. Таму среќаваш луѓе, обичаи, храна и пари кои не ти се познати. Нормално е да се чувствуваш збунето.

Можеби ќе имаш слични чувства и кога ќе почнеш да ја читаш Библијата. Преку нејзините страници, ќе посетиш еден древен свет кој ти е сосема непознат. Таму ќе се сретнеш со луѓе кои се наречени Филистејци, со несекојдневни обичаи, како што е раскинување на облеката, со храна наречена мана и со пари наречени драхми (2. Мојсеева 16:31; Исус Навин 13:2; 2. Самоилова 3:31; Лука 15:9). Сето ова можеби многу ќе те збуни. Слично како при посета на странска земја, зар нема да ти биде мило ако некој се понуди да ти ги објасни работите што не ти се познати?

ПОМОШ ДА СЕ РАЗБЕРАТ БОЖЈИТЕ ЗБОРОВИ ВО МИНАТОТО

Уште од 16. век пр. н.е., кога почнале да се пишуваат светите списи, на луѓето им била пружена помош за да ги разберат Божјите зборови. На пример, Мојсеј, првиот водач на израелскиот народ, ‚го објаснувал‘ она што било напишано (5. Мојсеева 1:5).

И околу десет векови потоа имало вешти учители кои го поучувале народот за Светите списи. Во 455 год. пр. н.е., една голема група Евреи, меѓу кои имало и многу деца, се собрале на плоштадот во Ерусалим. Таму учителите ‚читале на глас од светата книга‘. Освен тоа, ‚тие им помагале на луѓето да ја сфатат нејзината смисла‘ (Неемија 8:1-8).

Пет векови подоцна, и Исус Христос ги поучувал луѓето на сличен начин. Затоа, меѓу народот бил познат како учител (Јован 13:13). Тој поучувал и големи мноштва и поединци. Во една прилика, Исус ја одржал својата прочуена Проповед на гората пред голем број луѓе. Откако завршил, мноштвата биле „восхитени од неговото поучување“ (Матеј 5:1, 2; 7:28). Пролетта 33 год. од н.е., Исус им ги толкувал Писмата на двајца свои апостоли додека пешачеле кон едно село во близина на Ерусалим (Лука 24:13-15, 27, 32).

И учениците на Исус ги поучувале другите за Божјата Реч. Во една прилика, додека еден службеник од Етиопија читал од Писмата, еден ученик по име Филип му пристапил и го прашал: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ Етиопјанецот му одговорил: „Како ќе го разберам ако никој не ме упати?“ Тогаш, Филип му го објаснил значењето на она што го читал (Дела 8:27-35).

ПОМОШ ДА СЕ РАЗБЕРЕ БИБЛИЈАТА ДЕНЕС

Исто како вештите учители кои поучувале за Светите списи во минатото, Јеховините сведоци денес учествуваат во едно библиско образовно дело што се извршува во 239 земји (Матеј 28:19, 20). Во моментов, тие водат библиски курсеви со повеќе од девет милиони лица. Многу од луѓето што ја проучуваат Библијата со Сведоците немаат христијанско потекло. Библискиот курс е бесплатен и може да се одржува во нечиј дом или на некое друго соодветно место. Некои ја проучуваат Библијата преку телефон, компјутер или некој друг електронски уред.

Те молиме стапи во контакт со Јеховините сведоци за да дознаеш повеќе детали за библискиот курс. Ќе откриеш дека воопшто не е тешко да се разбере Библијата. Освен тоа, ќе се увериш дека таа е ‚корисна за поучување, за укорување, за поправање и за воспитување во праведноста‘. Библијата може да ти помогне да бидеш „вистински способен и потполно опремен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17).

Гледај го видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? на www.jw.org/mk.

Гледај го видеоклипот Како би можел да ја проучуваш Библијата? на www.jw.org/mk.

Помош на Интернет

Жена чита содржини на интернет-страницата jw.org додека седи во кафетерија

Би сакал ли да дознаеш што пишува во Библијата? Ако да, те молиме посети ја интернет-страницата jw.org. Таму можеш да најдеш бесплатни информации за Библијата на повеќе од 700 јазици. Еве некои од темите кои се обработени на страницата:

Често поставувани прашања

  • Која е смислата на животот?

  • Зошто луѓето умираат?

  • Што се случува кога некој ќе умре?

(Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА)

Лични проблеми

  • Што да правиш ако си во депресија?

  • Што да правиш ако имаш хронична болест?

  • Проблеми со парите и долгови

(Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА)

Помош за семејството

  • Како да престанат кавгите?

  • Како децата да станат одговорни личности?

  • Научи ги своите деца на висок морал

(Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > БРАЧНИ ДВОЈКИ И РОДИТЕЛИ)

Совети за тинејџерите

  • Што да правам ако некој сексуално ме вознемирува?

  • Што да правам ако ме малтретираат?

  • Што ако сум осамен?

(Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ТИНЕЈЏЕРИ)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели