ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp19 Бр. 2 стр. 3
  • Кога животот ќе ти стане претежок товар

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога животот ќе ти стане претежок товар
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Сличен материјал
  • Кога животот ќе ти стане претежок товар
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Ако ти починал некој близок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Ако се случила некоја катастрофа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Како да пребродиш немил настан
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
wp19 Бр. 2 стр. 3
Девојка плаче на работното место

Кога животот ќе ти стане претежок товар

КОГА сѐ оди добро, животот е извор на бескрајна радост. Но, што ќе ти помогне ако поради некои лоши околности животот ти станал претежок товар?

Сели,a која живее во САД и која изгубила речиси сѐ што имала во еден ураган, вели: „Со денови чувствував дека сум на работ на силите. Не знаев уште колку долго ќе издржам“.

А што ако ти умрел некој близок? Џенис од Австралија вели: „Кога ми починаа и двата сина, се чувствував скршено, како животот да ми се распадна на милион парчиња. Требаше повторно да ги составам и да продолжам таму каде што застанав. Го преколнував Бог: ’Те молам, само сакам да заспијам и повеќе да не се разбудам. Ова е неподносливо!‘“

Даниел, пак, се чувствувал очајно кога дознал дека жена му го изневерила. Тој објаснува: „Кога жена ми ми призна дека направила прељуба, како да ме прободе со остар нож во срцето. Чувствував дословна болка која не поминуваше со месеци“.

Во овој број на Стражарска кула ќе разгледаме зошто вреди да живееш дури и

  • ако се случила некоја катастрофа

  • ако ти починал некој близок

  • ако те изневерил брачниот другар

  • ако боледуваш од тешка болест

  • ако си изгубил секаква желба за живот

Да видиме најпрво што може да ни помогне ако сме доживеале некоја катастрофа.

a Некои имиња во овие статии се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели