ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp19 Бр. 3 стр. 12-13
  • Како можеш да живееш засекогаш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можеш да живееш засекогаш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БОГ ВЕТУВА ДЕКА ЌЕ НАПРАВИ ПРОМЕНИ ЗА ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ КАКО ШТО САКАЛ ТОЈ
  • ИСУС ПОКАЖАЛ ШТО ЌЕ НАПРАВИ ЗА ПОСЛУШНИТЕ ЛУЃЕ
  • КАКО ДА ГО НАЈДЕШ ПАТОТ ШТО ВОДИ ДО ПОДОБАР ЖИВОТ
  • НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР
  • Што ќе направи Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Продолжи да го слушаш гласот на Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Како да се препознае вистинската религија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
wp19 Бр. 3 стр. 12-13
Еден од научниците кои беа спомнати ја чита Библијата

Како можеш да живееш засекогаш?

БОГ не сакал животот да биде ваков каков што е денес. На Земјата требало да живеат луѓе кои ќе го почитуваат него како Творец и Севишен Владетел, ќе го следат неговото водство и ќе ги покажуваат неговите прекрасни особини. Тие требало да основаат семејства, да откриваат нови работи и меѓусебно да соработуваат за да ја претворат целата Земја во рај.

БОГ ВЕТУВА ДЕКА ЌЕ НАПРАВИ ПРОМЕНИ ЗА ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ КАКО ШТО САКАЛ ТОЈ

  • „[Бог] ги прекинува војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9).

  • Дојде времето „да бидат уништени оние што ја уништуваат земјата“ (Откровение 11:18).

  • „Никој од жителите нема да рече: ’Болен сум‘“ (Исаија 33:24).

  • „Моите избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце“ (Исаија 65:22).

Како ќе се исполнат овие пророштва? Бог го поставил својот Син, Исус, како Цар на една совршена небесна влада која ќе управува со Земјата. Оваа влада Библијата ја нарекува Божје Царство (Даниел 2:44). Во врска со Исус, Божјата Реч вели: „Бог ќе му го даде престолот... и тој ќе царува“ (Лука 1:32, 33).

Додека бил на Земјата, Исус правел многу чуда за да покаже дека, кога ќе владее како Цар, животот ќе биде многу поубав отколку што е денес.

ИСУС ПОКАЖАЛ ШТО ЌЕ НАПРАВИ ЗА ПОСЛУШНИТЕ ЛУЃЕ

  • Тој лекувал секакви болести, и со тоа покажал дека ќе ги оздрави сите луѓе (Матеј 9:35).

  • Исус го смирил морето, и на тој начин докажал дека може да ги контролира природните сили за да ги заштити луѓето (Марко 4:36-39).

  • Тој нахранил неколку илјади луѓе, и така покажал дека може да ги задоволи потребите на целото човештво (Марко 6:41-44).

  • На една свадба, Исус претворил вода во вино, и со тоа покажал дека ќе им овозможи на луѓето да уживаат во животот (Јован 2:7-11).

Како можеш да го добиеш животот кој Бог им го ветил на оние што го сакаат? Треба да направиш нешто. Библијата вели дека мора да го најдеш „патот што води во живот, [кој] малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:14).

КАКО ДА ГО НАЈДЕШ ПАТОТ ШТО ВОДИ ДО ПОДОБАР ЖИВОТ

Што е патот кој води во живот? Тоа е начинот на кој Бог нѐ поучува да живееме. Тој рекол: „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро, кој те води по патот по кој треба да одиш“ (Исаија 48:17). Оние што чекорат по тој пат, живеат на најдобар можен начин.

Исус рекол: „Јас сум патот и вистината и животот“ (Јован 14:6). Ако веруваме во вистините за кои поучувал тој и ако го следиме неговиот пример, тоа ќе биде за наше добро и ќе ни помогне да се зближиме со Бог.

Како да го најдеш патот што води во живот? Има многу религии, но Исус предупредил: „Не секој што ми вели: ’Господару, Господару‘, ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши волјата на мојот Татко, кој е на небесата“ (Матеј 7:21). Исто така рекол: „По нивните плодови ќе ги препознаете“ (Матеј 7:16). Библијата може да ти помогне да ја препознаеш вистинската религија (Јован 17:17).

Како можеш да зачекориш по патот што води во живот? Најпрво треба да го запознаеш Изворот на животот: Кој е тој? Како се вика? Каква личност е? Што прави за нас? Што очекува да правиме ние?a

Бог не сака луѓето само да работат, да јадат, да се забавуваат и да имаат семејства. Тој сака да го запознаеме како наш Творец и да бидеме негови пријатели. Можеме да му покажеме дека го сакаме така што ќе ја вршиме неговата волја. Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог“ (Јован 17:3).

ПРЕКУ БИБЛИЈАТА, БОГ ТЕ ПОУЧУВА „ЗА ТВОЕ ДОБРО“ (ИСАИЈА 48:17)

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР

Кога ќе дознаеме што очекува Бог од нас, можеби ќе треба да направиме некои промени. Тоа може да ни изгледа тешко. Сепак, за да тргнеме на ова прекрасно патување, неопходно е да го направиме првиот чекор — да го дознаеме одговорот на основните прашања за Бог. За да ти помогнат во тоа, Јеховините сведоци со задоволство ќе ја проучуваат Библијата со тебе во време и на место што ти одговара. Можеш да стапиш во контакт со нас преку нашата интернет-страница www.jw.org/mk.

a Види во Стражарска кула бр. 1, 2019.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели