Теократски вести
Аргентина: Најголемиот досегашен број од 98.601 објавител беше достигнат во февруари. Во текот на истиот месец, беа крстени 507 нови ученици.
Бенин: Нов највисок број од 2.967 објавители беше известен во февруари. Кога ќе се спореди со активноста пред една година, бројот на објавители пораснал за 13,8 проценти, бројот на часови за 6,1 процент, бројот на врачени списанија за 40,6 проценти, а бројот на библиски студии за 25,1 процент.
Еквадор: Во февруари, 23.176-те објавители кои известиле за активноста на подрачјето воделе 42.219 домашни библиски студии. Ова беше пораст од 2.180 објавители и 3.183 библиски студии во однос на февруари минатата година.
Ирска: Во февруари беше достигнат 59-от највисок број едноподруго со 4.093 кои известиле. Новиот највисок број од 2.682 домашни библиски студии што се воделе, ветува натамошен пораст.
Перу: Сегашните 43.366 објавители во Перу, во февруари известиле 369.437 повторни посети и 68.090 домашни библиски студии. На отворањето на новата Конгресна сала во Лима имало 21.240 присутни.
Тахити: Во февруари е достигнат 13-постотен пораст со 1.604 објавители кои известиле. Ова е 64. највисок број на објавители едноподруго на Тахити.
Заир: Наспроти економските и политичките немири во оваа земја, во февруари браќата известија нов највисок број од 71.098 објавители. Тоа претставуваше 9-постотен пораст во однос на минатогодишниот просек. Собраниските објавители поминуваат во службата на проповедање просечно по 16,8 часа. Заир сега има преку 6.000 општи пионери.
Аруба, Гваделуп, Мартиник, С. Кристофер и Американски Девојкини острови, сите во карибското подрачје, во февруари известија нови највисоки броеви на објавители.