Прашања
◼ Што треба да направи секретарот кога еден општ пионер ќе се досели во собранието?
Секретарот треба да ја извести Заедницата, користејќи го предвидениот простор на грбот од формуларот Собраниски извештај (S-1). Исто така, треба благовремено да контактира со секретарот од претходното собрание на пионерот и да ги побара сите Картички на собраниски објавител (S-21) од картотеката, како и писмена препорака од Службениот одбор на собранието.
Кога еден пионер ќе се пресели, тој честопати има тешкотии да се навикне и да воспостави добра рутина во службата. Пионерот многу цени кога старешините ќе му понудат грижлива помош за преминот во новото собрание да биде колку што е можно полесен.
Потсетник: Секретарот обезбедува замена на Пионерската легитимација (S-202) само за пионери кои се селат во собрание кое припаѓа на Македонија. Пионери кои ја изгубиле својата картичка, го промениле своето име поради брак или развод или се преселиле од подрачје што го надгледува друга подружница, треба да ја добијат својата картичка од Заедницата, а не од секретарот. Секретарот или пионерот треба да пише до Заедницата, да ја објасни ситуацијата и да побара нова картичка.