ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/94 стр. 3
  • На помладите им треба добар пример

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На помладите им треба добар пример
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Обучувај ги другите да преземат поголеми одговорности
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Цени ја силата на младите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Цени ги постарите браќа и сестри
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Украсот од бела коса
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 1994
km 7/94 стр. 3

На помладите им треба добар пример

1 Ние се радуваме што меѓу нас имаме сѐ поголем број млади луѓе кои „го фалат името на Господа“ (Пс. 148:12, 13). Многумина од нив сѐ уште се прилично млади по години. Нивниот напредок во голема мера зависи од воспитувањето и примерот што им го даваат нивните родителите и другите постари во собранието. Меѓутоа, не треба да се превиди и влијанието што го вршат врз нив другите млади луѓе, а особено постарите тинејџери и полнолетните младинци. Ако спаѓаш во оваа старосна група, следниве коментари може да ти користат.

2 Малите деца во нивните предтинејџерски години се склони да ги имитираат постарите тинејџери. Тие имаат природна желба да бидат блиски пријатели со оние од кои се одушевуваат. Тежнеат да им се восхитуваат на другите млади кои се донекаде постари и изгледаат дека знаат многу и дека се понапредни. Како последица на тоа, тие може да го имитираат твојот начин на зборување и однесување, како и твоето ценење на духовните вредности и твоето учествување во собраниските активности.

3 Како постар тинејџер, имаш предност, но и голема одговорност. Токму сега, твојот пример најверојатно влијае врз твоите помлади другари. Прашај се: ‚Какво влијание вршам јас врз помладите? Дали сум сериозен, па избегнувам лудости и „желбите на младоста“ кои се погрешни? Дали покажувам послушност и почитување кон моите родители, кон старешините и кон другите што се постари од мене?‘ (2. Тим. 2:22; Кол. 3:20). Она што го зборуваш и правиш може да биде еден од главните фактори во духовниот напредок на помладите кои ги посматраат твоите постапки.

4 Проповедањето на пораката на Царството е главната работа во собранието. Твоето спремно и редовно учествување може да ги охрабри твоите другари да бидат поактивни. Ако си во состојба да прифатиш пионерска служба, твоите пријатели ќе бидат мотивирани да го сторат истото. Коментирањето на состаноците и доброволното пријавување за извршување на некои неопходни задачи во Салата на Царството може исто така да даде добар пример.

5 Иако Тимотеј повеќе не бил во своите тинејџерски години кога Павле му го дал следниов совет, вие тинејџери можете да го примените: „На верните да им служиш како пример во словото, животот, љубовта, духот, верата и чистотата“ (1. Тим. 4:12). Твоето воодушевено учество со сета душа во Јеховината служба може да ги мотивира твоите другари и помладите посматрачи на позитивен начин, помагајќи им да напредуваат за да станат духовно потполно возрасни луѓе (Ефеш. 4:13). Тинејџерите кои се дел од семејства што проучуваат од неодамна, може да бидат привлечени кон вистината со она што го гледаат во вас.

6 А што е уште поважно, вашата марливост во покажувањето на божествени особини му оддава чест на Јехова и неговата организација (Изр. 27:11). Искрените посматрачи ќе се чудат на очигледната разлика меѓу вас и младите луѓе од светот. Затоа, имате единствена прилика да им помагате на помладите додека самите давате вреден придонес на Јеховина фалба (Пс. 70:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели