Теократски вести
Девствени Острови (САД): Новиот највисок број од 647 објавители, како и вкупниот број од 778 библиски студии во ноември, предизвика голема радост.
Мексико: Во ноември, извештај дадоа 411.292 објавители. Ова беше уште еден највисок број.
Тајван: Освен највисокиот број од 2.523 објавители, ноемврискиот извештај покажа нов највисок број од 44.514 повторни посети и 4.234 библиски студии.
Централноафриканска Република: Активноста во службата, во текот на октомври, беше впечатлива со новиот највисок број од 1.846 објавители. Програмата за денот на посебен состанок беше изнесена на 19 локации, а ја слушаа вкупно 5.577 лица и 32 се крстија.
Шри Ланка: Тука, во ноември дадоа извештај 1.873 објавители, што претставува одличен пораст за 9 отсто.