ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/95 стр. 1
  • Посебна Вест за Царството за сите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Посебна Вест за Царството за сите
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • „Богати во делото Господово“
    Нашата служба за Царството 1995
  • „Новиот милениум — што Ви носи иднината?“
    Нашата служба за Царството 2000
  • Нашироко дистрибуирај ја Веста за Царството бр. 35
    Нашата служба за Царството 1997
  • Проследи го интересот за Веста за Царството
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 5/95 стр. 1

Посебна Вест за Царството за сите

1 Од 24 април, почнавме со сеопштото дистрибуирање на посебната Вест за Царството која го подбуди интересот кај заинтересираните луѓе насекаде! Нејзината порака не е само навремена туку и итна. Објавителите во секое собрание го поддржаа тоа со цело срце, сакајќи оваа порака да ја достават во рацете на илјадници луѓе. Дали и ти учествуваш во потполност?

2 До секое собрание беше испратена пратка со Вест за Царството, од по приближно 50 примероци за секој објавител и по 250 за секој пионер. Колку примероци си бил во можност да поделиш ти? Ако не си можел да сториш онолку колку што си се надевал, дали си размислувал како да сториш повеќе пред да заврши дистрибуцијата на 14 мај? Зошто да не се пријавиш за помошен пионер? Можеш ли да извлечеш корист од додатните состаноци за служба на подрачјето во текот на седмицата, како на пример состаноците за вечерно сведочење?

3 Старешините внимателно ќе ја разгледаат обработката на подрачјата. Ако доделеното собрание не може да обработи некои делови, старешините треба да ги известат соседните собранија за да им помогнат. Нашите сесрдни напори, заедно со добрата соработка меѓу собранијата, треба да ја завршат работата.

4 Веројатно си доживеал посебна радост во оваа работа затоа што многумина биле во можност да учествуваат, вклучувајќи ги и новите објавители и децата. Се надеваме дека овој радосен дух ќе се задржи, охрабрувајќи ги сите да навратат повторно кај оние кои реагирале поволно. Бевме поттикнати да водиме точни забелешки во службата од куќа до куќа, и да ги забележиме оние кои покажале интерес. Втората половина од мај ќе биде одлично време да се сконцентрираме на вршење посети со цел да започнеме нови студии.

5 Што можеме да кажеме кога ќе навратиме? Можеби ќе биде делотворно да кажеш: „Можеби се сеќавате на печатените информации што неодамна ви ги оставив; се надевам дека имавте прилика да ги прочитате и да размислувате за нив. Таа порака предизвика голема дискусија во нашата средина, затоа што допира важни прашања со кои се соочува целото човештво“. Обрни внимание на некои од изјавите на втората страница кои наведуваат на размислување, а потоа постави прашање: „Што мислите, што треба да сториме за да се погрижиме околу подготовката за она што ни го носи иднината?“ Дозволи одговор. Ако е покажан интерес, дискутирај за другите точки од страница 2-4 од Веста за Царството, и понуди библиска студија или, ако тоа не е можно, најновите списанија.

6 Ако работиш на подрачјето на друго собрание, погрижи се да ги предадеш имињата на заинтересираните луѓе што ќе ги најдеш, за да можат објавителите од тоа собрание да извршат повторни посети. Исто така, ако ти биде дадено да извршиш некои повторни посети, потруди се да навратиш што поскоро.

7 Посебното дистрибуирање на оваа Вест за Царството создаде восхитување и нѐ мотивира сите нас да ги засилиме нашите напори во делото на објавување на Царството. Можеме да бидеме уверени дека ќе има голем успех и ќе ја зголеми свесноста на луѓето насекаде за Јеховиното големо име и намера (Иса. 12:4, 5). Колку повеќе правиме, толку поголема ќе биде нашата радост (Пс. 125:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели