ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/95 стр. 3
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Да се храбриме еден со друг на собраниските состаноци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Фали го Јехова во собранието
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Фали го Јехова „среде собранието“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Изградувајте се еден со друг коментирајќи на состаноците
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 6/95 стр. 3

Прашања

◼ Како можеме најделотворно да коментираме на состаноците?

Со нетрпение очекуваме да се собереме на седмичните собраниски состаноци. Таму имаме прилика да ја изразиме својата вера и да ги охрабриме другите со своите коментари (Изр. 20:15; Евр. 10:23, 24). Коментирањето треба да го сметаме за предност и да се трудиме редовно да учествуваме во него. Како ќе го сториме тоа најделотворно?

Подготовката е првиот чекор. Важно е однапред да се прочита материјалот и да се размисли за него. Обиди се да го сфатиш вистинското значење на она што е изнесено. Иако можеби порано била разгледувана таа тема, барај ги поопширните, односно пообјаснетите точки што се изнесени. Задржи ја на ум главната тема на материјалот. Кога подготвуваш коментари од публикација која изнесува темелна студија на некоја библиска книга, како што е книгата Откровение, обиди се да видиш како е поврзан извесен стих со стиховите околу него. Следењето на овие предлози ќе ја поттикнат твојата способност за размислување. Тоа ќе ти помогне да подготвиш добри коментари и да најдеш радост во своето учество.

Најдобрите коментари се кратки, едноставни и темелени на публикацијата што се проучува. Првиот што коментира треба директно да одговори на прашањето, оставајќи ги другите точки за додатно коментирање. Избегнувај долги, развлечени коментари кои одземаат многу време и ги спречуваат другите да коментираат. Изрази се со свои зборови, наместо збор по збор да го читаш коментарот од публикацијата. Во дополнителните коментари може да се вклучат мисли обработени во цитираните библиски стихови. Слушај внимателно што кажуваат другите за да не го повториш истото без потреба.

Добро е да се крене рака неколку пати, но не за секој пасус. Ги охрабруваме и најмладите да учествуваат во коментирањето. Ако не можеш да се решиш да коментираш, можеш однапред да му кажеш на водителот за кој пасус би сакал да дадеш коментар, а тој веројатно ќе може да ти даде прилика да го сториш тоа.

Сите ние треба да правиме искрени напори да имаме некаков удел на собраниските состаноци кога има учество на присутните. Запомни, успехот на таквите состаноци во голема мера зависи од нашата спремност и делотворност во коментирањето (Пс. 25:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели