ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/95 стр. 1
  • „Бидете будни“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бидете будни“
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Зошто мора да бдееме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • „Бидете трезвени, бдејте!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • „Бдејте“ — дојде часот на суд!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Угледај се на Исус и остани духовно буден
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 7/95 стр. 1

„Бидете будни“

1 Кога Исус ги кажал зборовите запишани во Матеј 26:38-41, се приближувал кон најкритичните моменти од своето човечко постоење. Тој период ќе се покаже и како најважното време во целата човечка историја. Во прашање било спасението на целото човештво. Исусовите ученици требало да ‚бидат будни‘.

2 Денес стоиме на прагот на Исусовото доаѓање во двојна улога — како ослободител и како извршител на пресуди. Ние како будни христијани кои ја сфаќаат итноста на времињата, не седиме со скрстени раце, чекајќи ослободување. Знаеме дека мора да бидеме спремни во секое време. Неопходно е да продолжиме ‚да работиме напорно и да се напрегаме‘ во нашата служба за Јехова (1. Тим. 4:10, НС). Што може да се каже за секој од нас поединечно? Дали сме будни?

3 Да се испитуваме себеси: Исус, исто така, предупредил: „Пазете се“ (Лука 21:34, 35). Мораме да внимаваме на себеси, грижејќи се да бидеме „прави и чисти . . . среде лош и расипан род“ (Фил. 2:15). Дали живееме како христијани секој ден, имитирајќи го Исус и одејќи во склад со начелата изнесени во Божјата Реч? Мораме да го избегнуваме нехристијанското однесување што е карактеристично за овој свет кој „лежи во власта на злобниот“ (1. Јов. 5:19, НС; Рим. 13:11-14). Кога се испитуваме себеси во светлината на Библијата, дали сме навистина будни, онака како што поучил Исус?

4 Старешините мораат да бидат будни за марливо да ги извршуваат своите задачи во собранието, сфаќајќи дека ќе поднесат сметка за начинот на којшто се грижат за стадото (Евр. 13:17). Поглаварите на семејствата имаат посебна обврска да ги насочуваат своите домашни по Јеховините патишта (1. Мој. 18:19; Ис. Нав. 24:15; спореди 1. Тим. 3:4, 5). Исто така, колку е само важно секој од нас да ја исполнува библиската заповед да се сакаме еден со друг! Тоа е обележје на вистинското христијанство (Јован 13:35).

5 Биди буден за да ги предупредуваш другите: Будноста не значи само внимавање на себеси. Имаме налог да правиме ученици (Мат. 28:19, 20). Љубовта кон ближниот треба да нѐ мотивира да ги предупредуваме другите за да можат да го преживеат уништувањето што му претстои на овој свет. Таквата одговорност лежи на сите христијани. Таа е суштински дел од нашето обожавање (Рим. 10:9, 10; 1. Кор. 9:16). Честопати наидуваме на рамнодушност или отворено противење на ова животоспасувачко дело. Имаме обврска да истраеме, дури и кога повеќето луѓе го игнорираат нашето предупредување (Езек. 33:8, 9). Искрената љубов кон Бог и кон ближниот ќе нѐ мотивира да истраеме.

6 Ова не е време за самоугодување. Не треба да дозволиме ниту секојдневните грижи на животот да ни го одвлечат вниманието ниту да се препуштиме на задоволствата од овој систем толку многу што ќе ни станат замка (Лука 21:34, 35). Ако некогаш постоела потреба од чувство на итност, тоа е токму сега. Брзо се приближува времето кога Исус Христос ќе ја изврши пресудата против овој зол систем. Ќе преживеат само оние кои се будни, подготвени и претпазливи. Ако сме послушни на Исусовите упатства и ако ‚го избегнеме сето она, што ќе настане‘, колку само благодарни ќе бидеме! (Лука 21:36).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели