ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/95 стр. 7
  • Потребно ни е собранието

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Потребно ни е собранието
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Собранието нека го фали Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Собранието нека се изградува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Ти имаш важна улога во Јеховиното собрание!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Цени ја својата улога во собранието
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 10/95 стр. 7

Потребно ни е собранието

1 Во една прилика, Кореевите синови го изразиле своето ценење за Јеховиното собрание со следниве зборови: „Еден ден во Твоите дворови е подобар отколку — илјада дни надвор“ (Пс 83:10). За нив светот немал да понуди ништо подобро во замена. Ако имаш и ти такви чувства, треба да го направиш собранието средишна точка во својот живот.

2 Уште од самиот почеток, христијанското собрание дало доказ дека го има Јеховиниот благослов (Дела 16:4, 5). Никој од нас не би требало да гледа на собранието без ценење или да смета дека тоа е само прилика за да се собереме заедно. Собранието е место на кое Јеховините сведоци од секое подрачје се закрепнуваат. Тоа дава можност за обединето дружење, со цел да бидеме поучени од Јехова и организирани за активноста за Царството (Иса. 2:2).

3 Христијанското собрание е основен канал преку кој учиме за вистината (1. Тим. 3:15). Исусовите следбеници мораат „да бидат сите едно“ — во единство со Бог, со Христос и еден со друг (Јован 17:20, 21; спореди Исаија 54:13). Сеедно каде ќе отидеме во светот, нашите браќа веруваат во библиските науки и начела и се владеат според нив.

4 Ние сме поучени и опремени да ја извршиме задачата да правиме ученици. Секој месец, Стражарска кула, Разбудете се! и Наша служба за Царството нудат корисни информации кои ни помагаат во започнувањето на библиски разговори. Состаноците се наменети за да ни покажат како да пронајдеме и да развиваме интерес. Порастот што го гледаме низ целиот свет е доказ дека во ова дело имаме божествена поддршка (Мат. 28:18-20).

5 Преку собранието добиваме секојдневно охрабрување кое нѐ ‚поттикнува кон љубов и добри дела‘ (Евр. 10:24, 25). Зајакнати сме верно да истраеме во искушенијата. Надгледниците кои се полни со љубов ни помагаат да се соочуваме со притисоците и со грижите (Проп. 4:9-12). Кога се наоѓаме во опасност да залутаме, ни се дава потребен совет. Која друга организација покажува таква љубезна грижа? (1. Сол. 5:14).

6 Јехова сака да останеме блиску до неговата организација за да го одржиме нашето единство (Јован 10:16). Еден начин на кој собранието ни помага да останеме поврзани со класата на верниот роб е тоа што испраќа патувачки надгледници за да нѐ охрабрат. Нашиот одѕив на љубезното водство нѐ доведува до една блискост која ни помага да останеме духовно јаки.

7 Собранието е неопходно за нашиот духовен опстанок. Невозможно е да му служиме на Јехова одвоено од собранието. Затоа, да останеме блиску до она што ни го дава Јехова. Да работиме во согласност со неговите цели и искрено да го применуваме советот што го добиваме таму. Само на таков начин ќе можеме да покажеме колку многу ни значи собранието (Пс. 26:4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели