ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/96 стр. 1
  • Времињата се промениле

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Времињата се промениле
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Порака што мораме да ја објавуваме
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Проповедај го Царството
    Нашата служба за Царството 1996
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Каде можеш да најдеш сигурно водство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 4/96 стр. 1

Времињата се промениле

1 Библијата ни кажува дека „сцената на овој свет се менува“ (1. Кор. 7:31, НС). Колку ли е вистинито тоа денес! Дури и во текот на нашиот животен век сме виделе драстични промени во размислувањето и во однесувањето на луѓето од секој слој на човечкото општество. За да ги достигнеме успешно со пораката за Царството, нашиот пристап мора да биде во тек со времињата кои се менуваат. Ние сакаме да ја презентираме добрата вест на начин кој ќе ги заинтересира луѓето и ќе ги достигне нивните срца.

2 Пред неколку години, во многу земји делото на сведочење беше поинакво бидејќи луѓето најчесто живееја помирен живот и се чувствуваа безбедни. Религијата заземаше свето место во нивниот живот. Библијата беше многу ценета. Во тие денови сведочењето честопати вклучуваше побивање на аргументи во врска со прашања за доктрината. Денес луѓето живеат во метеж. Религијата е исмејувана. Малкумина имаат вера во Библијата. Кај многумина, пак, теоријата на еволуцијата ја разнишала верата во Бог.

3 Еден патувачки надгледник забележал: „Изгледа дека сега има толку многу проблеми и тешкотии во животот на луѓето што треба да ги учиме како да живеат“. Сегашните грижи на луѓето обично се вртат околу самите нив, нивните семејства и нивните грижи. Кога ќе се соберат, тие најмногу зборуваат за овие работи. Тоа треба да го имаме на ум при нашето дело на сведочење.

4 Божјето Царство е единствената сигурна надеж за иднината: Повеќето луѓе немаат некоја голема доверба во човечките влади. Тие мислат дека нема никакви изгледи за да доживеат еден подобар свет во текот на својот живот. Лажната религија не успеала да им даде некаков темел за надеж. Ете зошто човештвото има особена потреба да ја слушне добрата вест за Божјето Царство. Покажи им на кој начин тоа конечно ќе даде решенија за сите проблеми со коишто се соочува човештвото.

5 Библијата е единствениот веродостоен извор на водство: Денес масите луѓе се водени на погрешен пат од водачи коишто се ослонуваат на човечката мудрост и на светските филозофии. Луѓето треба да сфатат дека „не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“ (Ерем. 10:23). Најважната поука што можат да ја научат е тоа дека мора ‚да се надеваат на Господа од сѐ срце и да не се потпираат врз својот разум‘ (Изр. 3:5). Иако времињата се измениле, со Библијата тоа не е случај. Затоа, во нашата служба треба секогаш да ја истакнуваме Божјата Реч, поучувајќи ги другите да го ценат нејзиното инспирирано, божествено водство (2. Тим. 3:16, 17). За да ја исполниме таа цел, мораме на луѓето да им ја истакнуваме важноста на Библијата со тоа што ќе се осврнуваме на неа во нашите презентации и ќе ја употребуваме за да одговориме на нивните прашања, потенцирајќи дека е потребно да се проучува и да се применува нејзината практична мудрост.

6 Дури и во денешниве променливи времиња, нашите цели во службата остануваат исти. Треба да ја проповедаме добрата вест за Царството, да изградуваме доверба во Божјата Реч и да им помагаме на другите да увидат дека е потребно со нас да ја проучуваат Библијата. Она што го велиме мора да се однесува на моменталните потреби на оние на коишто им сведочиме. Правејќи го тоа, ќе станеме учесници во пренесувањето на добрата вест на другите и ќе достигнеме што повеќе луѓе (1. Кор. 9:19, 23).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели