ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/96 стр. 1
  • Имитирајте ја нивната вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Имитирајте ја нивната вера
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Покажи дека имаш вера во Јеховините ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • „Дај ни уште вера!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Вера — особина што ни помага да бидеме духовно јаки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Покажувај вера која се темели на вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 6/96 стр. 1

Имитирајте ја нивната вера

1 Апостол Павле ја дефинирал верата како „загарантирано очекување на работи на кои се надеваме, очигледен доказ за стварности, иако не се гледаат“. Тој додал дека ‚без вера е невозможно да му угодиме добро на [Бог]‘ (Евр. 11:1, 6, НС). Павле нѐ поттикнувал да ја практицираме верата, да изобилуваме во неа и да се стремиме кон неа (2. Кор. 4:13; Кол. 2:7; 2. Тим. 2:22).

2 Има многу извонредни примери на вера, раскажани во Библијата. Во Евреите, во 11. поглавје, Павле ни дава една долга листа на сведоци кои покажале нескршлива вера. Во оваа листа е вклучен и Авел, кој е првиот што бил мачен за својата вера. Ное е наведен бидејќи преку својата вера тој го покажал божествениот страв што бил потребен за да го спаси своето семејство. Авраам е пофален за неговата вера и послушност. Мојсеј е фален бидејќи, поради својата вера, тој продолжил непоколебливо како да го гледа Оној кој е невидлив. Листата на примери била толку долга што Павле рекол дека нема да му стигне време ако почне да раскажува за сите нив. Колку сме благодарни што можеме да ја зајакнеме нашата вера преку разгледување на нивните „свети постапки на однесување и делата на оддаденост на Бог“! (2. Петр. 3:11, НС).

3 Во првиот век, Исус го поставил прашањето: ‚Кога Синот Човечки ќе дојде, ќе најде ли вера на Земјата?‘ (Лука 18:8). Па, дали имаме живи примери на вера меѓу нас денес? Дали гледаме мажи и жени, и млади и стари, како покажуваат непоколеблива вера во Јехова, како што било случај со Божјиот народ во библиски времиња?

4 Современи примери на вера: Истакнати примери на вера можат да се најдат насекаде околу нас! Верата на надгледниците, кои преземаат водство помеѓу нас, е достојна за имитирање (Евр. 13:7). Но, тие не се единствените кои се примерни во верата. Во секое собрание има лојални кои имаат долг запис на верна служба на Јехова, честопати спроведувана под многу тешки околности.

5 Мораме да им се восхитуваме на нашите верни сестри кои со години издржале противење од сопрузите противници. Самохраните родители требало да се соочат со предизвикот сами да одгледуваат деца. Помеѓу нас има и постари вдовици кои никогаш не отсуствуваат од собраниските активности иако можеби немаат семејство кое би им помагало. (Спореди Лука 2:37.) Се чудиме на верата на оние кои трпат хронични здравствени проблеми. Многумина продолжуваат да служат лојално иако имаат ограничувања што ги спречуваат да им бидат доделени дополнителни предности на службата. Има млади Сведоци кои храбро покажувале вера и покрај противењето во училиштето. Нашата божествена оддаденост станува појака додека ги набљудуваме верните пионери кои истрајуваат од година во година, соочени со неброени проблеми. Исто како Павле, и нам нема да ни стигне време ако се обидеме да ги раскажеме сите искуства од службата за Царството и делата на вера извршени од овие браќа и сестри!

6 Овие примери на верни поединци ни даваат утеха и охрабрување (1. Сол. 3:7, 8). Добро правиме ако ја имитираме нивната вера, бидејќи „оние кои постапуваат во верност се задоволство за [Јехова]“ (Изр. 12:22, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели