Постојано следи го Исус
1 Во една прилика Исус рекол: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себеси и нека го земе својот маченички столб и постојано нека ме следи“ (Мат. 16:24, НС). Секако дека ние сакаме позитивно да се одѕвиеме на Исусовите зборови. Да испитаме што е вклучено во секоја фраза од неговата покана.
2 „Нека се одрече од себеси“: Кога го предаваме својот живот на Јехова, ние се одречуваме од себеси. Основното значење на грчкиот збор преведен со „одрече“ е „да каже не“. Тоа значи дека ние доброволно се откажуваме од сопствените амбиции, желби, удобности и себични задоволства — одлучни да му угодуваме на Јехова низ сета вечност (Рим. 14:8; 15:3).
3 „Нека го земе својот маченички столб“: Христијанскиот живот е живот на носење на маченичкиот столб на пожртвувана служба за Јехова. Еден начин на кој можеме да го одразуваме духот на самопожртвуваност е преку напрегање во службата. Оваа година, досега многу објавители се радуваа во помошното пионерско дело. Можеби и ти си еден од нив и можеш да потврдиш дека благословите кои ги добиваш далеку повеќе ги надоместуваат жртвите што ги правиш. Оние кои не можат да служат како помошни пионери честопати уредуваат да поминат повеќе време во проповедничкото дело како собраниски објавители. За таа цел, некои собранија ги планираат своите состаноци за служба на теренот неколку минути порано отколку што тоа го правеле некогаш. Со пристигнувањето на пролетта, многу објавители ценат што го имаат овој подолг период за служба на теренот. Некои имале одлични резултати и тогаш кога одлучиле да посетат ‚само уште една куќа‘ или да работат ‚само неколку минути подолго‘.
4 Друг начин на кој се покажува духот на самопожртвуваност е преку поставување лични цели. Со грижливо планирање и преку приспособување на својот распоред, некои станале општи пионери. Други можеле да ги уредат своите работи за да се стават на располагање за Бетел или за мисионерска служба. Некои се преселиле во подрачје каде има поголема потреба од објавители на Царството.
5 „Постојано нека ме следи“: Иако Исусовите ученици доживеале многу испити, тие биле охрабрени преку неговата ревност и истрајност во службата (Јован 4:34). Чувствувале дека преку неговото присуство и неговата порака се обновува нивниот дух. Од таа причина, од оние кои го следеле зрачела вистинска радост (Мат. 11:29). На ист начин, и ние меѓусебно да се храбриме за да истраеме во најважното дело на проповедање на Царството и на правење ученици.
6 Нека сите ние позитивно реагираме на Исусовата покана постојано да го следиме со тоа што ќе го негуваме духот на самопожртвуваност. Додека го правиме тоа, ќе имаме голема радост сега и со нетрпение можеме да очекуваме уште поголеми благослови во иднина.