„Дали некогаш сите луѓе ќе се сакаат?“
1 Ширум светот, на 169 јазици треба да се објави една порака која е убава, возбудлива и го радува срцето. Каква е таа порака? И како ќе биде доставена?
2 Пораката е во врска со љубовта кон ближниот. Таа ќе се најде во Веста за Царството бр. 35, со наслов „Дали некогаш сите луѓе ќе се сакаат?“ Оваа Вест за Царството кратко ја разгледува сегашната состојба на работите низ светот, покажувајќи дека коренската причина за толку многу рани и болка е недостигот на љубов меѓу луѓето. Таа објаснува зошто, особено во нашево време, се оладила љубовта кон ближниот и што значи тоа за иднината.
3 Истовремено, Веста за Царството бр. 35 покажува дека вистинската љубов кон ближниот постои меѓу милиони кои живеат во денешниов свет. Таа ги идентификува оние кои учествуваат во заживувањето на првобитното христијанство — обожавањето од првиот век кое било означено со љубов кон ближниот, како што поучувал Исус Христос (Лука 10:25—37).
4 Веста за Царството бр. 35 завршува со објаснување за тоа како целиот свет на човештвото наскоро ќе практикува љубов кон ближниот под управата на Божјето Царство преку Христос. Оние кои ја читаат оваа порака, охрабрени се да ја набават брошурата Што бара Бог од нас? и да дознаат како да станат дел од оваа полна со љубов подготовка ширум Земјата, која подробно е опишана во Божјата Реч.
5 Кој ќе ја доставува оваа порака? Јеховините сведоци ширум светот ќе ја споделуваат оваа порака за љубов кон ближниот со своите познаници, соседи и роднини во текот на месеците октомври и ноември. Сите кои се квалификуваат за тоа, охрабрени се да учествуваат во јавната дистрибуција на Веста за Царството бр. 35.
6 Крајната цел на оваа кампања е да стимулира кај луѓето интерес за библиска студија или со брошурата Бара или со книгата Спознание. Освен тоа, напорот со сето срце од страна на секој Јеховин слуга ќе донесе големо сведоштво за Богот на љубовта, Јехова, и за неговиот Син, Исус Христос.