Рубрика прашања
◼ Што можеме да направиме за да помогнеме да се подобри ефективноста на нашите состаноци?
Некои можеби се склони да мислат дека само старешините и слугите помошници се одговорни за успехот на собраниските состаноци бидејќи тие ги водат и одржуваат повеќето од деловите. Всушност, сите ние можеме лично да придонесеме за интересни и корисни состаноци. На следниве десет начини можеме да помогнеме состаноците да бидат поефективни:
Подготвувај се однапред. Кога добро се подготвуваме, состаноците го пленуваат нашиот интерес. Кога сите ние го правиме тоа, состаноците се поживи и поизградувачки. Редовно присуствувај. Големата присутност е поохрабрувачка за секој што е присутен, го зајакнува ценењето за важноста на присуствувањето. Дојди навреме. Ако седнеме пред да започне програмата, можеме да се придружиме на почетната песна и молитва и така да извлечеме потполна корист од состанокот. Дојди добро опремен. Ако ја понесеме својата Библија и публикациите што се користат за време на состанокот, можеме да го следиме и подобро да го сфатиме она што се дискутира. Избегнувај одвратувања. Можеби слушаме подобро кога седиме напред. Шепотењето и одењата до тоалетот можат да бидат причина да изгубиме концентрација ние, а и другите. Биди учесник. Кога повеќето од нас креваат рака и коментираат, повеќе лица се охрабрени и изградени од изразувањето вера. Давај кратки коментари. Ова им дава прилика на колку што е можно повеќе лица да учествуваат. Треба да ги ограничиме нашите кратки коментари на материјалот што се проучува. Исполни ги доделбите. Како студенти во Теократската школа за служба или како учесници на Состанокот за служба, добро подгответе се, однапред извежбајте и потрудете се да не откажете. Пофали ги учесниците. Кажи им на другите колку се ценети нивните напори. Ова ги изградува и ги мотивира да бидат дури и уште подобри во иднина. Храбрете се еден со друг. Љубезните поздрави и изградувачките разговори пред и после состаноците го зголемуваат задоволството и користите што ги добиваме од присуството на состаноците.