Теократски вести
◼ Ерменија: Извештајот од декември покажа 4.741 објавител со просек од 16 часови во службата. Овој нов највисок број објавители претставува 17-процентен пораст во однос на минатогодишниот просек.
◼ Чиле: Новото барање на часови за пионерите беше дочекано со воодушевување, како што се гледа во најголемиот број од 4.351 општ пионер кои дале извештај во јануари. Исто така, 5.175 дале извештај како помошни пионери, што е далеку најдобра цифра во оваа службена година.
◼ Украина: Од 100.129-те објавители кои дале извештај во јануари, 12 проценти биле во некој облик на полновремена служба. Украина достигна број од 5.516 општи пионери — 27-ми последователен највисок број — а уште 6.468 објавители дале извештај како помошни пионери.