Претходната подготовка донесува радост
1 Учеството во службата на теренот ни донесува голема радост (Псал. 88:15, 16). Се разбира, подготовката е клучен елемент за да можеме потполно да ја искусиме таа радост. Колку подобро се подготвуваме толку повеќе ќе постигнеме, а колку повеќе ќе постигнеме толку поголема ќе биде нашата радост.
2 Користи ги алатките кои се обезбедени: Почни ја подготовката читајќи го и анализирајќи го материјалот во Наша служба за Царството. Таму честопати се дадени добро промислени презентации кои се наменети да ти помогнат лесно и делотворно да ја изнесеш пораката за Царството. Ќе најдеш примери како да ги совладаш вообичаените приговори. Дадени се конкретни идеи како да се направи делотворна повторна посета со цел да се започне библиска студија. Имаш слобода да ги прилагодиш овие предлози онака како што ти е угодно да ги користиш. Освен тоа, ја имаш книгата Расправљање, која дава многу различни уводи и одговори на приговори со кои луѓето сакаат да го прекинат разговорот, со што ти помага да станеш поделотворен во многу ситуации на кои ќе наидеш.
3 Разгледај ја публикацијата што сакаш да ја понудиш и избери една или две впечатливи интересни мисли кои можеш да му ги покажеш на станарот. Некоја тема од вестите што си ја чул или си ја прочитал, која поттикнува на размислување, може да ти биде увод за да започнеш разговор. Очекувај ги вообичаените приговори на кои веројатно ќе наидеш, и имај на ум неколку мисли за тоа како би можел да одговориш. Потоа, одвој неколку минути за да го извежбаш она што ќе го кажеш на вратата.
4 Присуствувај на секој состанок за служба: Внимателно слушај за време на Состанокот за служба кога се дискутираат, се разгледуваат и се демонстрираат предлозите од Наша служба за Царството. Запиши си ги идеите кои мислиш дека ќе можеш да ги внесеш во твојата презентација. Сети се на некои вообичаени ситуации на кои си наишол во службата, и размислувај за тоа на кои начини можеш да сведочиш поделотворно. Зборувај за овие работи со другите објавители пред и после состанокот.
5 Можеш да бидеш сигурен дека, ако си „приготвен за секое добро дело“, ќе бидеш награден со поголема радост и успех во помагањето на другите да го пронајдат патот кон живот (2. Тим. 2:21).