ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/99 стр. 7
  • Дали се селиш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали се селиш?
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Како да се приспособиш на ново собрание
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Собранието нека се изградува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Собранието нека го фали Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Како можеш да се приспособиш на твоето ново собрание?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 10/99 стр. 7

Дали се селиш?

Ако одговорот на тоа прашање е да, има многу работи за кои ти и другите ќе треба да преземете иницијатива. Ако ги следиш основните чекори кои се изнесени подолу, брзо ќе се вклопиш во твоето ново собрание.

1) Штом ќе дознаеш каде одиш, секретарот на твоето сегашно собрание ќе може да ја набави адресата на Салата на Царството на твоето ново собрание. Кога ќе пристигнеш на тоа подрачје, веднаш пронајди ја Салата и провери ги термините за собраниските состаноци. Ако Салата на Царството ја користат повеќе собранија, прашај ги старешините на кое собраниско подрачје живееш ти. Не одложувај да отидеш на состаноците и да се запознаеш со локалните старешини.

2) Секретарите на сегашното и на новото собрание ќе соработуваат во префрлувањето на картичката за извештај на собраниски објавител за тебе и за твоето семејство. На старешините во твоето ново собрание ќе им биде испратено и писмо со препорака. (Види ја Рубриката прашања во Наша служба за Царството од февруари 1991.) Службениот одбор на собранието треба да го извести соодветниот водител на студија на книга за твоето пристигнување за да може да контактира со тебе и да ти помогне да ја најдеш новата група за студија на книга (Рим. 15:7).

3) Сите објавители во твоето ново собрание имаат една радосна улога — да се запознаат со тебе и да направат да се чувствуваш добредојден. (Спореди 3. Јованово 8.) Се разбира, тоа значи дека треба да бидеш присутен на состаноците за да можеш да уживаш во една охрабрувачка и изградувачка размена со браќата и сестрите.

4) Ти не треба да чекаш да учествуваш во службата на теренот со твоето ново собрание дури откако ќе се заврши целата работа во врска со преселбата. Кога ги ставаш на прво место интересите на Царството, другите работи ќе бидат згрижени и ќе се чувствуваш многу удобно во новата средина (Мат. 6:33). Кога ќе се вселиш во твојот нов дом, веројатно ќе сакаш да поканиш некои од собранието да те посетат за подобро да се запознаете (Рим. 12:13б).

Селидбата е голем проект. Сепак, кога секој ќе го направи она што се препорачува, нема да има духовни успорувања. Нашето христијанско братство ќе остави добар впечаток врз сите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели