ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/00 стр. 1
  • „Бидете будни“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бидете будни“
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • „Бдејте“!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Бидете будни во „времето на крајот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Среќни се оние кои остануваат будни!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Немој да го изгубиш чувството на итност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 5/00 стр. 1

„Бидете будни“

1 Откако ги опишал значајните настани кои ќе ги одбележуваат последните денови на овој систем на ствари, Исус ги поттикнал своите ученици ‚да бидат будни‘ (Мар. 13:33). Зошто христијаните мора да бидат будни? Затоа што живееме во најопасното време од човечката историја. Не смееме да си дозволиме да станеме духовно дремливи. Заради тоа ќе пропуштиме да го цениме делото што Јехова ни дал да го извршуваме во ова време на крајот. Кое е тоа дело?

2 Јехова се грижи неговиот народ да ја објавува ширум земјата добрата вест за неговото Царство — единствената надеж за човештвото. Нашата тесна соработка со Божјата организација нѐ идентификува како вистински христијани, кои се свесни за времињата и за потребата да им се помогне на другите да ги чујат ‚зборовите за живот вечен‘ (Јован 6:68). Со ревносно учество во ова многу важно дело, даваме доказ дека сме духовно будни.

3 Поттикнати да проповедаме: Како сведоци на Јехова, треба да бидеме позитивни во врска со нашата служба. Љубовта кон Бог и кон ближниот нѐ поттикнува нас лично да учествуваме во проповедничкото дело (1. Кор. 9:16, 17). Ако го правиме тоа, ќе се спасиме и себеси и оние што нѐ слушаат (1. Тим. 4:16). Да бидеме одлучни да учествуваме колку што е можно поредовно и толку долго колку што е потребно во проповедањето за најдобрата влада што човештвото воопшто може да ја има — Божјето Царство!

4 Итноста на нашата служба е врежана во нас со еден важен факт — избувнувањето на големата неволја ќе дојде додека сѐ уште сме ангажирани во тоа дело. Тоа што не го знаеме денот и часот бара да бидеме будни и спремни во секое време, ослонувајќи се на Јехова во молитва (Ефеш. 6:18). Обемот на проповедничката активност продолжува да се зголемува. Но, еден ден наскоро, најголемото дело на сведочење во човечката историја ќе ја достигне својата кулминација.

5 Верно следи ја заповедта на Исус да ‚бидеш буден‘. Сега тоа е попотребно од кога и да е порано. Да се одѕвиеме со чувство на итност. Денес и секој ден, да останеме духовно трезни, будни и активни во Јеховината служба. Да, „да бидеме будни и трезвени“ (1. Сол. 5:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели