ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/00 стр. 1
  • Дали проповедаш со смелост?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали проповедаш со смелост?
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Следи го примерот на Исус — проповедај со смелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • ‚Смело зборувај ја Божјата реч‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Продолжете со смелост да ја зборувате Божјата реч
    Нашата служба за Царството 2005
  • Најди го одговорот на овие прашања
    Програма за Покраинскиот собир 2018-2019 — со покраинскиот надгледник
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 12/00 стр. 1

Дали проповедаш со смелост?

1 Иако Петар и Јован биле уапсени и противниците им се заканувале, тие продолжиле смело да ја објавуваат пораката за Царството (Дела 4:17, 21, 31). Што значи за нас денес да проповедаме со смелост?

2 Смело да даваме сведоштво: Синоним за „смел“ е „бестрашен“, што значи да се има „решителна храброст, цврстина и издржливост“. За вистинските христијани, проповедањето со смелост значи да не се плашат слободно да зборуваат секогаш кога ќе се укаже поволна прилика да ја споделат добрата вест со другите (Дела 4:20; 1. Пет. 3:15). Тоа значи да не се срамиме од добрата вест (Псал. 119:46; Рим. 1:16; 2. Тим. 1:8). Значи, смелоста е особина која е потребна за да го исполниме нашиот налог да ја проповедаме добрата вест за Царството во ова време на крајот. Таа не поттикнува да им ја пренесуваме добрата вест на луѓето секаде каде што се (Дела 4:29; 1. Кор. 9:23).

3 Смелост на училиште: Дали заради плашливоста или срамежливоста ти е тешко да им проповедаш на твоите соученици? Понекогаш не е лесно; всушност, тоа може да биде вистински предизвик. Меѓутоа, Јехова ќе те зајакне ако се молиш за смелост да им проповедаш на другите (Псал. 138:3). Смелоста ќе ти помогне да се идентификуваш како Јеховин сведок и да одолееш на исмевањето. Како резултат на тоа, преку твоето проповедање на училиште може да се спасат оние кои те слушаат (1. Тим. 4:16).

4 Смелост на работното место: Дали на твоето работно место си познат како Јеховин сведок? Можеби единствениот начин на кој добрата вест може да дојде до твоите колеги е да им проповедаш ти. Смелоста ќе ти помогне и во тоа да добиеш слободни термини за христијанските состаноци и конгреси.

5 Смели кога сме под испит: Многу е важно да собереме смелост кога се соочуваме со противење (1. Сол. 2:1, 2). Таа ни помага цврсто да се држиме за нашата вера кога сме предмет на закани, исмевање или отворено прогонство (Фил. 1:27, 28). Таа нѐ зајакнува да стоиме цврсто кога сме под притисок да направиме компромис во однос на нашето придржување кон мерилата на нашиот Бог, Јехова. Нѐ зацврстува да останеме мирољубиви кога другите предизвикуваат расправии (Рим. 12:18).

6 Какви и да се тешкотиите со кои се соочуваме ние лично, да истраеме во проповедањето на добрата вест со смелост (Ефеш. 6:18—20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели