ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/01 стр. 4
  • Биди среќен извршител

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди среќен извршител
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Радосни „извршители на словото“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Радоста Јеховина е наша тврдина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Радост — особина што ни ја дава Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • ‚Служи му на Јехова со радост‘
    Нашата служба за Царството 2003
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 1/01 стр. 4

Биди среќен извршител

1 Исус рекол дека, за време на неговата присутност, повеќето луѓе ‚нема да обрнат внимание‘, исто како во деновите на Ное (Мат. 24:37—39). Затоа, може да се очекува многу поединци да не ја слушаат добрата вест за Царството. Што може да ни помогне да задржиме радосен дух додека ја извршуваме нашата служба? (Псал. 100:2).

2 Прво, треба да задржиме на ум дека и нашата порака и нашиот налог да проповедаме се од Бог. Секое отсуство на одѕив во службата, и покрај нашите најдобри напори, всушност е одбивање на Јехова. Ако се потсетуваме дека нашата верност во проповедањето ја има неговата насмевка на одобрување, тоа ќе ни помогне да задржиме радост и внатрешна среќа како извршители на Божјата реч (Јак. 1:25).

3 Второ, сѐ уште има луѓе кои ќе го прифатат Јеховиното средство за спасение. Иако повеќето можеби се апатични, сѐ уште има такви кои се слични на овци и треба да се соберат, дури и сега, кога сме длабоко навлезени во времето на крајот. Треба да продолжиме да проповедаме, одејќи ‚во секој град или село‘ за да ‚побараме кој во него е достоен‘ (Мат. 10:11—13).

4 Задржи позитивен став: Некои луѓе се разочарани заради жалосното досие на лажната религија. Други биле „одрани и расеани“ од овој систем на работи (Мат. 9:36). Многумина можеби се под притисок заради невработувањето, грижата за здравјето и сигурноста. Ако го разбереме ова, ќе можеме да истраеме во нашето дело. Настојувај да започнуваш разговори кои се однесуваат на прашања кои најмногу ги загрижуваат луѓето на нашето подрачје. Помогни им да увидат дека Божјето Царство е единственото решение. Користи го Писмото и конкретни мисли од публикациите за да ги достигнеш нивните срца со добрата вест (Евр. 4:12).

5 Среќните извршители на Божјата реч секогаш имаат на ум: „Господовата радост е [наша] сила“ (Неем. 8:10). Нема потреба да ја изгубиме радоста. „Ако куќата заслужува, нека дојде на неа мирот кој ѝ го посакувате; но ако не го заслужува, вашиот мир нека ви се врати вам“ (Мат. 10:13). Јехова ја обновува нашата радост и сила додека стрпливо истрајуваме во неговата света служба, и тој ја благословува нашата верност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели