ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/02 стр. 3
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1998
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2008
  • Зошто е важно да внимаваме на облеката и на изгледот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Отворена покана!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 6/02 стр. 3

Рубрика прашања

◼ На кое мерило во врска со облекувањето и дотерувањето треба да внимаваме кога ги посетуваме Бетелските домови и објекти на подружницата?

Кога го посетуваме Бетел, сеедно дали за да ги разгледаме објектите или за да посетиме некој од бетелската фамилија, „нашето облекување, дотерување и однесување треба да биде слично на она што се очекува од нас кога присуствуваме на состаноците за обожавање во Салата на Царството“ (Наша служба, страница 131). Меѓутоа, забележано е дека кога ги посетуваат канцелариите на подружниците, некои браќа и сестри се склони да се облекуваат премногу неформално. Тоа не е соодветно кога се посетуваат овие објекти. Нашиот изглед треба да биде примерен, уреден и скромен, да одразува пристојност и достоинство како што им прилега на слугите на Јехова Бог (1. Тим. 2:9, 10).

Ова е особено важно кога ги посетуваме Бетелските домови и објектите на подружницата бидејќи го привлекуваме вниманието на многу набљудувачи не-Сведоци. Таквите набљудувачи можат да оформат мислење за Божјиот народ и неговата организација на темел на она што го гледаат. Би било добро да разговараме со библиските студенти и другите што можеби ќе ги посетат овие објекти за да ги потсетиме за тоа колку е важно да се обрне внимание на исправното облекување и дотерување. Бетелската фамилија ќе биде благодарна ако го сториш тоа.

Како христијански министри мораме да внимаваме нашиот изглед да не претставува никаков повод за спрепнување (2. Кор. 6:3, 4). Напротив, со нашата соодветна пристојност секогаш ‚да го украсуваме учењето на нашиот Спасител, Бог, во сѐ‘ (Тит 2:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели