ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/02 стр. 4
  • Бидете складно поврзани

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бидете складно поврзани
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Единството меѓу христијаните го слави Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Вистинско христијанско единство — како?
    Нашата служба за Царството 2003
  • Јехова го обединува своето семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Дали придонесуваш за единството во собранието?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 7/02 стр. 4

Бидете складно поврзани

1 Колку често си се восхитувал на мајсторската градба на човечкото тело? (Псал. 139:14). Секој дел од телото работи во склад со другите. Божјата реч го споредува христијанското собрание со едно добро координирано тело. Под Главата, Христос, сите членови на собранието се ‚складно поврзани и направени да соработуваат преку секој зглоб кој го дава она што е потребно‘ (Ефеш. 4:16а). Затоа, Јехова може да го користи својот обединет народ да извршува прекрасни работи.

2 Членовите на собранието од првиот век постапувале „еднодушно“ во грижата за меѓусебните духовни и материјални потреби (Дела 2:44—47). Со Јеховина поддршка, обединето се соочиле и надминале жестоко противење (Дела 4:24—31). Ја објавувале пораката за Царството насекаде каде што оделе, обработувајќи го со добрата вест тогаш познатиот свет (Кол. 1:23). Во современа доба, христијанското собрание обединето ги постигнало истите овие работи во уште поголем размер. Кои фактори придонесуваат за ова единство?

3 Привлечени преку божественото учење: Насекаде во светот ние сме обединети преку нашето обожавање. Како е можно тоа? Го признаваме Јеховиниот видлив канал кој ни обезбедува духовна „храна во право време“ (Мат. 24:45). Исто така, ги цениме ‚даровите во облик на луѓе‘ што ги дал како учители во собранието. Додека понизно ги прифаќаме Јеховините подготовки за да нѐ храни духовно, нашето разбирање за Божјата реч расте и подбудува во нас заедничка желба да го имитираме Исус како негови ученици. Мораме да продолжиме да ја проучуваме Божјата реч, сесрдно трудејќи се да „дојдеме до единство во верата“ (Ефеш. 4:8, 11—13). Дали придонесуваш за нашето духовно единство со тоа што секојдневно ја читаш Библијата?

4 Обединети преку христијанското дружење: Љубовта нѐ привлекува заедно во блиско дружење на христијанските состаноци. На овие состаноци „обрнуваме внимание едни на други“ (Евр. 10:24, 25). Ова вклучува да гледаме подалеку од надворешниот изглед и вистински да ги запознаеме браќата, да ги гледаме онака како што Јехова ги гледа, како богатство (Агеј 2:7). Додека ги слушаме нивните изрази на вера, нашата љубов кон нив се продлабочува, а нашето единство се зајакнува. Дали си познат како таков што редовно присуствува на собраниските состаноци?

5 Соработници на теренот: Проповедањето на добрата вест со соверниците нѐ обединува во вршењето на Божјата волја. Апостол Павле ги ценел своите „соработници за Божјето царство“ (Кол. 4:11). Тоа што ги делиме искуствата и си помагаме еден на друг додека сме во служба, ни помага да го исполниме нашиот христијански налог и ја зајакнува нашата врска на единство (Кол. 3:14).

6 Обединувачкото влијание на светиот дух: Додека се посветуваме на тоа да ја вршиме неговата волја, Јехова нѐ благословува со својот дух. Ова ни помага да ги надминеме разликите и да живееме заедно во единство (Псал. 133:1). Тоа нѐ мотивира ‚да го задржиме единсвото на духот во обединувачката врска на мирот‘ (Ефеш. 4:3). Секој од нас може да придонесе за складот што постои меѓу Божјиот народ покажувајќи ги плодовите на духот во меѓусебните постапки (Гал. 5:22, 23).

7 Тоа што служиме обединето под Христовото поглаварство „придонесува за растот на телото за изградба на самото себе во љубов“ (Ефеш. 4:16б). Освен тоа, тоа го велича Јехова, ‚Богот, кој дава мир‘ (Рим. 16:20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели