ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/03 стр. 8
  • Да го објавуваме божественото име

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да го објавуваме божественото име
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Јехова го возвишува своето име
    Божјето Царство владее!
  • Слави го Јеховиното величествено име
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Божјето име
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 6/03 стр. 8

Да го објавуваме божественото име

1. Каков ефект може да има врз луѓето тоа што ќе го научат личното име на Бог?

1 Како реагираше кога првпат го дозна Божјето име? Многумина реагираат слично како една жена која рекла: „Кога првпат го видов Божјето име во Библијата, заплакав. Толку бев трогната од сознанието дека всушност можам да го знам и да го користам личното име на Бог“. За неа, тоа што го научила божественото име бил важен чекор да го запознае Јехова како личност и да може да изгради однос со него.

2. Зошто е неопходно да ги поучуваме другите за Јехова?

2 Зошто да го објавуваме? Божјето име е поврзано со неговите особини, намери и постапки. Исто така, поврзано е и со спасението. „Секој кој го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“ напишал апостол Павле. Но, „како ќе го повикаат“ размислувал Павле, доколку луѓето најпрво не научат за Јехова и не практикуваат вера во него? Според тоа, неопходно е христијаните да им го објавуваат на другите Божјето име и сѐ што стои зад тоа име (Рим. 10:13, 14). Меѓутоа, постои уште поголема причина зошто мора да се објавува божественото име.

3. Која е нашата главна причина што проповедаме?

3 Во 1920-те, Божјиот народ го разбрал од Писмото универзалното спорно прашање во кое е вклучено оправдувањето на Божјиот суверенитет и посветувањето на неговото име. Пред Јехова да ги уништи злобните за да го отстрани срамот што бил нанесен на неговото име, вистината за него мора ‚да се знае по целата земја‘ (Иса. 12:4, 5; Езек. 38:23). Затоа, нашата главна причина што проповедаме е јавно да го фалиме Јехова и да го светиме неговото име пред целото човештво (Евр. 13:15). Љубовта кон Бог и кон ближниот ќе нѐ поттикне потполно да учествуваме во ова дело дадено од Бог.

4. Како дошло до тоа Јеховините сведоци да бидат идентификувани со Божјето име?

4 „Народ за свое име“: Во 1931 го усвоивме името Јеховини сведоци (Иса. 43:10). Оттогаш, Божјиот народ го објавува божественото име во толку голем обем што книгата Proclaimers (Објавители) на 124. страница забележува: „Низ целиот свет, секој што слободно го користи името Јехова веднаш е идентификуван како Јеховин сведок“. Дали си и ти идентификуван како таков? Благодарноста за Јеховината доброта треба да нѐ поттикне да го ‚благословуваме неговото име‘ зборувајќи за него во секоја погодна прилика (Псал. 20:7; 145:1, 2, 7).

5. На кој начин нашето однесување е поврзано со носењето на Божјето име?

5 Како ‚народ за неговото име‘ мораме да се придржуваме за неговите мерила (Дела 15:14; 2. Тим. 2:19). Честопати она што луѓето најпрво го забележуваат кај Јеховините сведоци е нивното добро однесување (1. Петр. 2:12). Никогаш не би сакале да го оскверниме Јеховиното име презирајќи ги божествените начела или потиснувајќи го неговото обожавање на второ место во нашиот живот (Лев. 22:31, 32; Мал. 1:6—8, 12—14). Напротив, нека нашиот начин на живот покажува дека ја цениме предноста да го носиме божественото име.

6. Каква предност можеме да уживаме сега и во иднина?

6 Денес гледаме како се исполнува Јеховината изјава: „Од исток до запад, велико ќе биде Моето Име меѓу народите“ (Мал. 1:11). Да продолжиме да ја објавуваме вистината за Јехова и да го ‚славиме Неговото свето име, секогаш и довека‘ (Псал. 145:21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели