ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/03 стр. 1
  • Имитирај ја Јеховината доброта

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Имитирај ја Јеховината доброта
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • „Колку е голема твојата добрина“
    Приближи му се на Јехова
  • Доброта — како можеш да ја развиваш оваа особина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Обилната доброта на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова — ненадминливиот пример на доброта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 8/03 стр. 1

Имитирај ја Јеховината доброта

1 Откако сме уживале во прекрасен залез на сонцето или вкусен оброк, зарем не сме поттикнати да му благодариме на Јехова, Изворот на сета доброта? Неговата доброта нѐ тера да сакаме да го имитираме (Псал. 119:66, 68; Ефеш. 5:1). Како можеме да ја покажуваме особината доброта?

2 Кон неверниците: Еден начин на кој можеме да ја имитираме Јеховината доброта е така што ќе покажуваме искрена грижа за оние што не ни се сродни во верата (Гал. 6:10). Покажувањето доброта на практични начини може да има позитивно влијание врз тоа како тие гледаат на Јеховините сведоци и на пораката што ја носиме.

3 На пример, додека чекал во една клиника, еден млад брат пионер седел до некоја постара жена, на која изгледа ѝ било многу полошо отколку на другите пациенти. Кога дошол неговиот ред да влезе кај докторот, ја пуштил жената да оди наместо тој. Подоцна пак ја сретнал, овојпат на пазарот, и таа била многу среќна што го гледа. Иако порано не била приемлива за добрата вест, рекла дека сега знае дека Јеховините сведоци навистина ги сакаат ближните. Со неа била започната редовна библиска студија.

4 Кон браќата: Исто така, ја имитираме Јеховината доброта кога се напрегаме да им помагаме на соверниците. Во време на неволји, ние сме меѓу првите што им притрчуваме на помош на нашите браќа. Ваков ист дух покажуваме и кога им помагаме на оние на кои им треба превоз до состаноците, кога ги посетуваме болните и кога се рашируваме во наклоноста кон оние во собранието што не ги познаваме добро (2. Кор. 6:11—13; Евр. 13:16).

5 Друг начин на кој Јехова покажува доброта е така што е ‚спремен да прости‘ (Псал. 86:5, NW). Имитирајќи го, можеме да ја покажеме нашата љубов кон добротата со тоа што ќе им простуваме на другите (Ефеш. 4:32). Ова помага нашето дружење со соверниците да биде ‚добро и мило‘ (Псал. 133:1—3).

6 Нека Јеховината изобилна доброта направи од нас да извира фалба за него и да зрачиме од радост. И нека нѐ поттикне да настојуваме да ја имитираме неговата доброта во сѐ што правиме (Псал. 145:7; Ерем. 31:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели