Редовното присуство на состаноците — приоритет
1 Христијанските семејства му даваат приоритет на редовното присуство на собраниските состаноци. Но, барањата на животот денес можат да претставуваат проблем. Дали домашните обврски, световната работа или училишните задачи почнуваат да ни го крадат времето што сме го одвоиле за обожавањето на Јехова? Тоа што ќе гледаме на работите онака како што гледа Јехова ќе ни помогне да ги задржиме нашите приоритети (1. Сам. 24:7; 26:11).
2 Со тоа што собирал дрва на сабат, еден Израелец намерно пропуштил да го земе предвид Јеховиното гледиште. Можеби размислувал дека го прави тоа за да го обезбеди своето семејство или дека тоа е нешто не толку важно. Меѓутоа, со казната што била извршена, Јехова покажал дека сериозна работа е ако се вршат секојдневни работи во времето што е одредено за обожавање (Бро. 15:32—36).
3 Да се справиме со предизвикот: За многумина претставува вистинска борба да не дозволат световната работа да ги спречи да присуствуваат на состаноците. Некои се справиле со овој предизвик така што разговарале со својот работодавец, се заменувале со колегите, побарале работа што повеќе ќе им одговара или го поедноставиле својот начин на живот. Сигурно дека таквите жртви во корист на вистинското обожавање му се угодни на Бог (Евр. 13:16).
4 И училишните задачи можат да претставуваат предизвик. „Еден дел од училишните задачи ги завршувам пред состаноците, а останатиот дел кога ќе се вратам дома“, вели една млада девојка. Доколку сите зададени домашни задачи не можат да се завршат вечерта кога има состаноци, некои родители им објасниле на наставниците дека присуството на христијанските состаноци има приоритет во нивното семејство.
5 Соработката и доброто планирање се клуч за да се завршат домашните работи како подготовка да се присуствува на состаноците навреме како семејство (Посл. 20:18). Дури и помалите деца можат да се научат да бидат облечени и спремни за да тргнат на состанок во точно одреденото време. Со својот пример, родителите можат да ја всадат во своите деца важноста на состаноците (Посл. 20:7).
6 Со оглед на тоа што притисоците од сегашниов систем на работи се зголемуваат, многу е важно редовно да присуствуваме на собраниските состаноци. Да продолжиме да гледаме на работите онака како што гледа Јехова и присуството на состаноците да го направиме наш приоритет (Евр. 10:24, 25).