ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/04 стр. 1
  • Имитирај ја Јеховината правда

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Имитирај ја Јеховината правда
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Имитирај го Јехова — практикувај правда и праведност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Јехова — изворот на вистинска правда и праведност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Јехова ги љуби праведноста и правдата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • „Сите негови патишта се правда“
    Приближи му се на Јехова
Повеќе
Нашата служба за Царството 2004
km 7/04 стр. 1

Имитирај ја Јеховината правда

1 „Господ ја љуби правдата“ (Псал. 37:28). Затоа, иако пресудил овој неправеден свет да биде уништен, најпрво организирал да се даде едно предупредување (Мар. 13:10). Ова им дава шанса на луѓето да се покаат и да бидат спасени (2. Петр. 3:9). Дали се трудиме да ја имитираме Јеховината правда? Дали бедата и страдањето на човечката фамилија нѐ поттикнуваат да ја споделуваме надежта за Царството со другите? (Посл. 3:27). Љубовта кон правдата ќе нѐ натера да имаме активен удел во проповедањето.

2 Проповедај непристрасно: Со тоа што на секого без пристрасност ја објавуваме Божјата намера ние ‚правиме правда‘ (Мих. 6:8). Мораме да се спротивставиме на несовршената склоност однапред да ги осудиме другите на темел на нивниот надворешен изглед (Јак. 2:1—4, 9). Јеховина „волја е сите видови луѓе да се спасат и да дојдат до точно спознание за вистината“ (1. Тим. 2:4). Божјата реч на вистината може да направи значајни промени во животот на луѓето (Евр. 4:12). Тоа што го сфаќаме овој факт може да ни помогне да им пристапиме на поединци со доверба, дури и на оние што можеби во минатото не нѐ слушале.

3 Една сестра што работи во продавница по малку се плашела од физичкиот изглед на еден редовен муштерија. Сепак, кога се појавила пригодна прилика, се обидела да му посведочи за Божјиот ветен Рај. Тој грубо одговорил дека не верува во прикаски и дека е хипик и наркоман. Но, таа не се откажала. Еден ден ја прашал што мисли за неговата долга коса и таа тактично му објаснила што вели Библијата на таа тема (1. Кор. 11:14). На нејзино пријатно изненадување, следниот ден бил избричен и со кратка коса! Побарал библиска студија, која еден брат со задоволство се сложил да ја води, и напредувал до предание и крштавање. Како овој човек, мнозина кои денес му служат на Јехова се благодарни за непристрасните, истрајни напори на оние што им ја пренеле пораката за Царството.

4 Наскоро Јехова ќе ги збрише неправедните од лицето на земјата (2. Петр. 3:10, 13). Во ограниченото време што преостанува, да ја имитираме Јеховината правда така што ќе им дадеме шанса на сите да го избегнат претстојното уништување на Сатановиот неправеден свет (1. Јов. 2:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели