Помогни им на твоите деца да напредуваат во службата
1 Родителите што се христијани имаат сериозна одговорност да ги поучат своите деца за службата додека уште се мали. Ова може да се постигне на неколку начини. Некои деца дури и пред да знаат да читаат, можат да кажат на памет некој соодветен стих од Библијата. Ова може силно да влијае врз оние што ги слушаат. Како што растат, децата можат да прават и повеќе во службата. Родители, како можете да им помогнете на вашите деца да учествуваат во сведочењето? Можеби следниве предлози ќе ви помогнат во тоа.
2 Откако ќе се поздравиш, би можел да кажеш:
◼ „Син ми, [неговото име] сака да слушнете еден важен стих“. Твоето дете би можело да каже: „Од овој стих во Библијата научив колку многу нѐ сака Бог. [Детето го чита или кажува на памет Јован 3:16.] Овие списанија зборуваат за тоа што ќе направи за нас Јехова Бог. Може ли да Ви ги оставам?“ Разговорот би можел да го завршиш така што ќе објасниш како се финансира ова дело низ целиот свет.
3 Или би можел да се обидеш на овој начин:
◼ „Здраво. Ја поучувам ќерка ми, [нејзиното име], да покажува грижа за другите луѓе. Таа би сакала да Ви каже една кратка порака од Библијата“. Тогаш, таа би можела да каже: „Еден начин на кој сакам да им помогнам на луѓето е така што им ја кажувам библиската надеж за иднината“. [Детето го чита или го кажува на памет Откровение 21:4.] „Овие списанија објаснуваат што ќе направи за нас Божјето Царство. Мислам дека ќе уживате во читањето.“
4 Ако децата редовно користат едноставни презентации, тоа ќе им помогне да стекнат доверба дека можат да ја објавуваат пораката за Царството. Тоа што пред да одат во служба ќе вежбаат да зборуваат јасно и со исправна јачина на гласот, ќе ги оспособи да зборуваат во различни околности. Ако добро се подготвуваат однапред и ако искрено ги пофалувате, тоа ќе им помогне на малечките да ја изразат својата вера.
5 Со такво охрабрување, многу млади ги исполниле условите за некрстени објавители. Навистина, голема радост е да се види како нашите деца напредуваат во христијанската служба! (Пс. 148:12, 13).