Користи делотворни визуелни средства за да поучуваш
1. На кој начин Јехова користел визуелни средства за да ги поучи своите слуги во минатото, и со каков резултат?
1 Јехова понекогаш користел виденија и соништа за да им пренесе важни информации на своите слуги во минатото. Размисли за видението на Езекиел за Јеховината небесна кочија (Езек. 1:1-28). Замисли си како мора да се чувствувал Даниел кога имал пророчки сон за маршот на светските сили! (Дан. 7:1-15, 28). А што да се каже за возбудливото откровение кое му било дадено „во знаци“ на апостол Јован за работите што требало да се случат во „Господовиот ден“? (Откр. 1:1, 10). Јехова ги поучил овие свои слуги користејќи живописни бои и слики во движење, и овие работи оставиле траен впечаток врз нивниот ум.
2. Кои визуелни средства можеме да ги користиме за да ги поучуваме другите за библиските вистини?
2 Ако сакаме и ние да им ги објасниме библиските вистини на другите на начин што ќе остави длабок впечаток врз нив, можеме да ги користиме видеокасетите од нашата организација. Нашите видеокасети се на најразлични теми и ја градат довербата во Библијата, во Јеховината организација и во начелата што ни помагаат да бидеме подобри христијани. Да разгледаме неколку начини на кои можеме да поучуваме со помош на овие видеокасети.
3. Што можеш да користиш за да го насочиш лицето со кое проучуваш кон организацијата?
3 Во службата: Дали си му кажувал на лицето со кое проучуваш за нашето христијанско братство низ целиот свет? Покажи му ја видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името. Можеш да му ја оставиш да ја гледа до следната средба или, пак, гледајте ја заедно следниот пат кога ќе проучувате. Потоа разговарајте за прашањата за повторување што се наоѓаат во Нашата служба за Царството од октомври 2000.
4. Што можат да користат младите Сведоци на училиште за да ги поучат другите?
4 Млади, вие би можеле да го прашате наставникот дали е можно да им го прикажете на соучениците документарниот филм Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад. Можеш да подготвиш и список со прашања, слични на оние дадени во Нашата служба за Царството од јуни 2001, така што ќе ги приспособиш за дискусија со соучениците.
5. Што можат да користат родителите кога проучуваат со семејството?
5 Со семејството: Родители, размислете кога последен пат сте ја гледале видеокасетата Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели? Би можеле повторно да ја гледате следниот пат кога ќе проучувате со семејството, а потоа можете да поразговарате со децата во врска со неа.
6. Кои други можности ги имаш за да ги користиш нашите видеокасети?
6 Други можности: На кои други начини можете делотворно да ги користите нашите три видеокасети на македонски јазик и останатите 17 што се излезени на други јазици? Дали тоа што ќе гледаш некоја од касетите со некого што редовно го посетуваш ќе му помогне да напредува духовно? Можеш ли да ги прикажеш во некој старски или пензионерски дом во твоето место? Дали касетите би оставиле добар впечаток врз твоите роднини, соседи и колеги што не се Сведоци? Нашите видеокасети се впечатливи, поучни и делотворни визуелни средства. Користи ги за да поучуваш.