Видеокасета што заслужува сериозно внимание
„Оваа видеокасета навистина те тера да размислиш!“
„Ме погоди право в срце!“
„Ме преплавија чувства!“
1 Дали и ти се чувствуваше така откако за прв пат ја гледаше видеокасетата Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели? Пред неколку години, еден млад брат минувал низ тежок период во својот живот, само поради тоа што избрал лоши пријатели. Поради нив го изгубил интересот за вистината и своето пријателство со Јехова. Тогаш била издадена видеокасетата Вистински пријатели. Тој напишал: „Многу често ја гледав видеокасетата, и секојпат низ лицето ми се тркалаа солзи. Му се заблагодарив на Јехова за помошта во право време“. Видеокасетата го поттикнала да направи големи промени во животот и да стекне вистински пријатели. Тој додал: „Очигледно е дека сте во тек со тоа што ги мачи младите“. Родители и младинци, зошто повторно да не ја гледате видеокасетата следниот пат кога ќе проучувате како семејство? Направете пауза по секој дел од програмата и слободно и искрено разговарајте за прашањата од следниве пасуси.
2 Вовед: Кој е вистински пријател? (Изр. 18:24).
3 Пречки во пријателството: Како можеш да го совладаш чувството дека другите те избегнуваат? (Фил. 2:4). Зошто мораш да бидеш спремен да се менуваш, и кој може да ти помогне во тоа? Како се создаваат можности за склопување нови пријателства, и каде можеш да најдеш пријатели? (2. Кор. 6:13).
4 Пријателство со Бог: Како можеш да станеш близок пријател со Јехова, и зошто вреди да се потрудиш околу тоа? (Пс. 34:8). Кој може најмногу да го зајакне твоето пријателство со Бог?
5 Погрешни пријатели: Кој спаѓа во лошо друштво? (1. Кор. 15:33). Како дружењето со погрешни пријатели може некого духовно да го уништи? Што учиш од библискиот извештај за Дина? (1. Мој. 34:1, 2, 7, 19).
6 Современа драма: Како влијаеше врз Тара нејзината осаменост? Како таа го оправдуваше дружењето со младите од светот? Во какви опасни ситуации ја доведоа тие? Зошто нејзините родители не забележаа во каква опасност се наоѓа, но како ѝ помогнаа духовно да закрепне? Како една пионерка покажа дека ѝ е вистински пријател на Тара? Зошто христијаните мораат да обрнат внимание на стиховите во Изреки 13:20 и Еремија 17:9? Која важна лекција ја научи Тара?
7 Заклучок: Што научи од оваа видеокасета? На кој начин можеш да ја користиш за да им помогнеш на другите? (Пс. 71:17).