Помогни им на другите да станат Божји пријатели
1 Денес, луѓе од сите народи се поучуваат за Јеховините патишта (Иса. 2:2, 3). Меѓутоа, за да можат ‚истрајно да донесуваат плод‘, тие мораат да го сакаат Јехова (Лука 8:15; Мар. 12:30). Без таа љубов, нема да имаат ниту сила да им се спротивстават на нездравите влијанија, ниту храброст да го прават она што е исправно. Еден начин да им помогнеме на другите да станат пријатели на Јехова е ако кај нив изградиме поголемо ценење за неговите особини. Поттикни ги длабоко да размислуваат за информациите од книгата Приближи му се на Јехова.
2 Со твојот пример: Твоите постапки можат силно да влијаат врз срцата на оние со кои ја проучуваш Библијата. Кога ќе видат дека го цениш своето пријателство со Јехова и како тоа влијае врз твојот живот, можеби ќе бидат поттикнати и тие да му станат пријатели (Лука 6:40). Навистина, нашиот пример честопати има поголемо влијание врз другите отколку нашите зборови.
3 Со својот пример родителите најдобро можат да ги научат своите деца да го сакаат Јехова (5. Мој. 6:4-9). Еден брачен пар, кој сакал да ги воспитува своите деца во вистината, ги прашувал искусните родители за совет. „Сите со кои зборував ми рекоа дека најважен е примерот на родителите“, рекол сопругот. Според тоа, со својот начин на живот родителите можат да им дадат на своите деца жив пример за тоа што значи да се биде „Јеховин пријател“ (Јак. 2:23).
4 Срдечна молитва: Исто така, на другите можеш да им помогнеш да изградат пријателство со Јехова со тоа што ќе ги поучиш да се молат од срце. Би можел да им укажеш на пример-молитвата на Исус, како и на многуте срдечни молитви запишани во Светото писмо (Мат. 6:9, 10). Твоите деца и лицата со кои проучуваш можеш да ги поучиш како да се молат и со твоите лични молитви. Кога ги слушаат твоите срдечни изрази, тие ги забележуваат чувствата што ги имаш кон Јехова. Поттикни ги да ‚истраат во молитвата‘ кога доживуваат проблеми (Рим. 12:12). Како што ќе ја чувствуваат Јеховината помош во време на неволја, така ќе почнат да му веруваат и да го сакаат како вистински пријател (Пс. 34:8; Фил. 4:6, 7).