Дали си подготвен за природна катастрофа?
1. Зошто е мудро да бидеме подготвени за катастрофи?
1 Секоја година, милиони луѓе низ целиот свет, меѓу кои има и наши браќа и сестри, се погодени од земјотреси, цунами бранови, монсуни, урагани, торнада и поплави. Бидејќи природните катастрофи се појавуваат неочекувано и можат да влијаат врз сите нас, мудро е да бидеме подготвени за нив (Изр. 21:5).
2. Зошто е добро на старешините да им ги дадеме своите најнови адреси и телефонски броеви?
2 Пред катастрофата: Понекогаш властите се во можност да дадат предупредување за некоја катастрофа. Важно е да обрнеме внимание на овие предупредувања (Изр. 22:3). Во такви ситуации старешините ќе се обидат да контактираат со сите во собранието за да им помогнат да ги направат неопходните подготовки. По катастрофата, старешините исто така ќе се обидат да контактираат со сите што се поврзани со собранието за да видат дали тие се безбедни и да проверат каква помош им е потребна. Може да биде изгубено драгоцено време ако старешините ги немаат најновите податоци за контактирање со тие лица. Затоа е важно секој објавител да им ги даде најновата адреса и телефонскиот број на секретарот и на надгледникот на групата за проучување на книга.
3. Како можеме да соработуваме со старешините ако живееме во подрачје што честопати е погодено од катастрофи?
3 Ако собранието се наоѓа во подрачје што честопати е погодено од катастрофи, старешините можат да ги замолат објавителите да им дадат име и телефонски број на некој роднина или пријател кој не живее во околината и со кој би требало да се контактира во итен случај. Ова ќе им овозможи на старешините да ги најдат оние што се евакуирани поради катастрофата. Старешините треба да направат план за непредвидени околности. Планот треба да содржи основен список на прехранбени продукти и други неопходни работи за итни потреби што секој треба да ги има, подготовки за евакуација и упатства за тоа како да им се помогне на оние со посебни потреби. Важно е сите да соработуваме во склад со овие подготовки (Евр. 13:17).
4. Што треба да правиме ако нашето подрачје го погоди катастрофа?
4 По катастрофата: Што треба да правиш ако вашето подрачје го погоди катастрофа? Погрижи се за итните физички потреби на твоето семејство. Кога ќе бидеш во можност, пружи им ја потребната помош на другите што се погодени. Колку што е можно побрзо обиди се да контактираш со твојот надгледник за проучување на книга или со некој друг старешина. Ова треба да го направиш дури и ако си на безбедно и ако не ти треба помош. Доколку ти треба помош, биди уверен дека твоите браќа вложуваат напор за да ти помогнат (1. Кор. 13:4, 7). Не заборавај дека Јехова е свесен за твојата ситуација и имај доверба дека тој ќе ти помогне (Пс. 37:39; 62:8). Биди подготвен да им понудиш духовна и емоционална помош на другите (2. Кор. 1:3, 4). Колку што е можно побрзо продолжи со своите редовни теократски активности (Мат. 6:33).
5. Како влијае заканата од катастрофи врз нас како христијани?
5 Иако светот живее во страв поради заканата од катастрофи, ние можеме со доверба да гледаме на иднината. Наскоро сите катастрофи ќе бидат само минато (Отк. 21:4). Во меѓувреме, можеме да преземеме разумни чекори за да се подготвиме за време на неволја и тешкотии, додека и понатаму ревносно им ја објавуваме добрата вест на другите.