Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 јули
„Кога ќе ни умре некој близок, чувствуваме голема болка. Но, што мислите, дали некој дел од нив продолжува да живее? [Почекај да одговори.] Исус ни дал едно ветување што многу нѐ охрабрува. [Прочитај Јован 5:28, 29.] Бидејќи Исус рекол дека допрва ќе дојде времето кога ќе има воскресение, ова списание објаснува на темел на Библијата каде се мртвите сега.“
Разбудете се! Јули
„Многу луѓе сметаат дека е важно човек да биде добар, па затоа се трудат да живеат најдобро што можат. Дали и вие имате таков став кон животот? [Почекај да одговори.] Постои една опасност ако нашите мерила за тоа што е добро не се исти со Божјите. Забележете која е таа опасност [Прочитај Изреки 14:12.] Оваа статија зборува за тоа што значи да се биде добар човек во Божји очи.“ Покажи ја статијата што почнува на 20. страница.
Стражарска кула 1 авг.
„Би сакал да го чујам Вашето мислење за овие зборови на Исус. [Прочитај Матеј 5:3.] Што мислите, дали треба да се интересираме за духовните работи за да бидеме среќни? [Почекај да одговори.] Ова списание покажува на темел на Библијата како да ги задоволиме своите духовни потреби.“
Разбудете се! Авг.
„Што мислите, каде можат родителите да најдат совети што навистина ќе им помогнат? [Почекај да одговори.] Видете какво ветување е дадено во Библијата. [Прочитај 2. Тимотеј 3:16.] Ова списание покажува како може Библијата да им помогне на родителите да подигаат среќни деца.“