Ти можеш да бидеш учител!
1. Каква посебна можност има секој објавител на Царството?
1 Еден од најголемите благослови во службата е да поучуваме некого за вистината. Треба многу да го цениме тоа што можеме да гледаме дека ја прифаќа пораката за Царството и да му помагаме да се зближи со Севишниот Владетел на вселената (Јак. 4:8). Сите објавители на Царството треба да си постават цел да поучуваат некого кој е гладен за вистината и да гледаат како тој прави големи промени во својата личност, ставови и однесување(Мат. 28:19, 20).
2. Зошто некои се колебаат да водат библиски студии, и што ќе им помогне да го надминат овој проблем?
2 Потпри се на Јехова: Во минатото имало верни Божји слуги кои мислеле дека не се способни да ја извршат задачата што им ја дал Бог. Сепак, затоа што се потпирале на Јехова, Мојсеј, Еремија, Амос и други обични луѓе успеале да се изборат со својата колебливост и несигурност и извршиле значајни задачи (2. Мој. 4:10-12; Ерем. 1:6, 7; Амос 7:14, 15). И апостол Павле ‚собрал смелост‘. Како? Тој кажува дека успеал „со помош на нашиот Бог“ (1. Сол. 2:2). Навистина, сите можеме да имаме доверба дека Јехова ќе ни ги даде потребната помош, мудрост и сила за да водиме делотворни библиски студии(Иса. 41:10; 1. Кор. 1:26, 27; 1. Пет. 4:11).
3, 4. Каква обука ни стои на располагање за подобро да ги поучуваме другите за Божјата реч?
3 Прифати обука: За да бидеме вистински способни да ги учиме другите, нашиот Голем Учител, Јехова Бог, нѐ поучува преку редовна програма што се темели на Библијата (Иса. 54:13; 2. Тим. 3:16, 17). Прифати ја оваа обука така што во потполност ќе искористиш сѐ што ти стои на располагање за подобро да ја разбереш Библијата и повешто да поучуваш за библиските вистини. Иако првенствено за таа цел служат Теократската школа за служба и Состанокот за нашата служба, всушност, на сите собраниски состаноци добиваме обука како да ги поучуваме другите за Божјата реч.
4 Труди се да научиш едноставни методи за да поучуваш за длабоки духовни работи. Книгата Школа за служба, на 227. страница објаснува: „За да им ја направиш твојата тема разбирлива на другите, мораш и самиот јасно да ја разбираш“. Коментирањето на состаноците ни помага да ги запомниме главните мисли за да ги користиме во иднина. Затоа, добро подготвувај се бидејќи така ќе се зголеми твојата самодоверба дека можеш да поучуваш.
5. Каква друга обука можеме да добиеме во собранието за да напредуваме како учители?
5 Без сомнение, христијаните уште од почетокот учеле едни од други додека соработувале во делото на поучување (Лука 10:1). Ако е можно, оди на библиски студии со поискусни објавители како, на пример, со пионерите, старешините и патувачките надгледници. Внимавај на кој начин ги објаснуваат библиските вистини со помош на едноставни споредби, како и со другите методи на поучување што се наоѓаат во нашите публикации за проучување. Замоли ги да ти дадат предлози за тоа како да станеш подобар учител (Изр. 1:5; 27:17). Цени ја обуката од браќата и сестрите бидејќи таа, всушност, доаѓа од Бог(2. Кор. 3:5).
6. Што, всушност, е неопходно за некој да стане учител на Божјата реч?
6 Потпри се на Јехова, и искористи ја обуката што ни ја дава. Моли се да напредуваш (Пс. 25:4, 5). И ти можеш да почувствуваш радост кога ќе му помогнеш некому да стане како тебе — учител на Божјата реч!