ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp20 Бр. 2 стр. 6-7
  • Кој е Царот на Божјето Царство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е Царот на Божјето Царство?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Исус Христос — најдобриот владетел
  • Дали Бог ќе воспостави светска влада?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Што е Божјето Царство? Како да покажеме дека сакаме да дојде
    Учи од Големиот Учител
  • Вистината за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • За Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
wp20 Бр. 2 стр. 6-7
Исус клекнува на колена додека лекува постара жена. Луѓе на различна возраст му приоѓаат.

Кој е Царот на Божјето Царство?

Бог поттикнал неколку библиски писатели да запишат детали во врска со оној што ќе станел Цар на Божјето Царство. Тие запишале дека тој владетел ќе бил:

  • Избран од Бог. „Јас го поставив својот цар... Ќе ти ги дадам народите во наследство и краиштата на земјата во твоја сопственост“ (Псалм 2:6, 8).

  • Наследник на цар Давид. „Ни се роди дете, добивме син... Неговата кнежевска власт ќе се простира надалеку, и на мирот на Давидовиот престол и во неговото царство ќе му нема крај“ (Исаија 9:6, 7).

  • Роден во Витлеем. „Витлееме... Од тебе ќе ми излезе оној што ќе биде владетел... Неговата величина ќе се протега до краиштата на земјата“ (Михеј 5:2, 4).

  • Отфрлен од луѓето и погубен. „За нас беше презрен и безвреден. Тој беше прободен за нашиот престап, беше здробен за нашите гревови“ (Исаија 53:3, 5).

  • Воскреснат од мртвите и прославен. „Нема да ја оставиш мојата душа во гробот. Нема да дозволиш твојот лојален слуга да ја види јамата... Во твојата десница е вечното блаженство“ (Псалм 16:10, 11).

Исус Христос — најдобриот владетел

Низ целата човечка историја, само една личност ги исполнува условите за да биде совршен владетел, а тоа е Исус Христос. Всушност, еден ангел ѝ рекол на неговата мајка, Марија: „Бог ќе му го даде престолот на Давид, неговиот татко... и неговото царство ќе нема крај“ (Лука 1:31-33).

Додека бил на Земјата, Исус не станал владетел. Наместо тоа, тој ќе владее со човештвото од небото, како Цар на Божјето Царство. Зошто Исус ќе биде совршен владетел? Размисли што правел тој кога бил на Земјата.

  • Исус покажувал грижа за луѓето. Тој им помагал и на мажи и на жени, без оглед на нивната возраст, потекло или статус во општеството (Матеј 9:36; Марко 10:16). Кога еден лепрозен го молел: „Ако сакаш, можеш да ме исчистиш“, Исус се сожалил на него и го излекувал (Марко 1:40-42).

  • Исус нѐ поучил како да го радуваме Бог. Тој рекол: „Не можете да му робувате и на Бог и на богатството“. Исто така, кажал дека мора да постапуваме со другите онака како што сакаме тие да постапуваат со нас. Исус истакнал и дека на Бог му е важно не само како постапуваме туку и како размислуваме и што чувствуваме. Затоа, за да го радуваме Бог, мора да внимаваме какви чувства развиваме во нашето срце (Матеј 5:28; 6:24; 7:12). Исус нагласил дека, за да бидеме вистински среќни, мора да дознаеме кои се Божјите мерила и да живееме според нив (Лука 11:28).

  • Исус нѐ поучил како да покажуваме љубов. Неговите зборови и постапки имале силно влијание врз оние што го слушале. Во Библијата пишува: „Мноштвата беа восхитени од неговото поучување, зашто ги поучуваше како некој зад чии зборови стои Бог“ (Матеј 7:28, 29). Исус им кажал: „Сакајте ги своите непријатели“. Тој се молел дури и за некои од оние што учествувале во неговото погубување. На Бог му рекол: „Татко, прости им, зашто не знаат што прават!“ (Матеј 5:44; Лука 23:34).

Исус може успешно да владее со човештвото. Под негова власт луѓето ќе бидат вистински среќни, бидејќи тој ги сака и се грижи за нив. Но, кога Исус почнува да владее?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели