ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/09 стр. 4-7
  • Дали си подготвен за духовна гозба?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си подготвен за духовна гозба?
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Време за духовна гозба и радост
    Нашата служба за Царството 2008
  • Обласните конгреси — прилики кога со радост го славиме Јехова
    Нашата служба за Царството 2010
  • Тридневно духовно освежување
    Нашата служба за Царството 2011
  • Следи го Христос со достоинствено однесување
    Нашата служба за Царството 2007
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 4/09 стр. 4-7

Дали си подготвен за духовна гозба?

1. Што сѐ е потребно за да се подготви една гозба?

1 За да се организира една гозба, потребни се многу подготовки. Треба да се обезбеди храната, вкусно да се зготви и потоа да се сервира. Треба да се организира послужувањето на храната. Освен тоа, мора да се подготви и местото каде што ќе се одржи гозбата. И гостите мораат да се подготват, особено ако доаѓаат од далеку. Иако е потребно многу работа, навистина е големо задоволство кога се насладуваме во вкусен оброк заедно со пријателите и роднините. Наскоро, Јеховините сведоци низ целиот свет ќе се соберат, било во поголеми било во помали групи, за Обласниот конгрес „Бдејте!“, каде што ќе уживаат во вистинска духовна гозба​. Веќе беше вложен голем труд околу подготовката на програмата и организирањето. Сите сме поканети да дојдеме. За да бидеме присутни и да извлечеме најголема корист, и ние лично мораме да се подготвиме​(Изр. 21:5).

2. Што е потребно за да присуствуваме на целата програма од конгресот?

2 Како ќе извлечеш најголема корист: Дали веќе имаш сѐ испланирано за да бидеш присутен на целата програма од конгресот? Ако е неопходно, разговарај со шефот и кажи му дека ќе присуствуваш на сите делови од конгресот, вклучувајќи го и првиот ден. Дали веќе имаш направено планови за превоз и сместување? Старешините треба да се погрижат да им се помогне на постарите, немоќните и на другите на кои им е потребна помош​(Ерем. 23:4; Гал. 6:10).

3. Зошто не треба да одиме на меѓународен конгрес на кој не сме поканети?

3 На некои места ќе има меѓународни конгреси. Имајте на ум дека на овие конгреси се поканети само одредени собранија и делегати од странство. За да се организира сето ова, подружницата внимателно пресметала колку објавители да покани, земајќи предвид колку места за седење има на конгресната локација и колку хотелски соби се на располагање. Според тоа, ако објавителите присуствуваат на меѓународен конгрес на кој не се поканети, би можело да има премногу луѓе на конгресното место.

4. Кои потсетувања ќе ни помогнат секој ден да бидеме подготвени за почетокот на програмата?

4 Добро организирај се за да можеш секој ден да дојдеш доволно рано на конгресот за да најдеш место пред да започне програмата. Одвој неколку минути пред почетокот за да ја разгледаш отпечатената програма. Така ќе можеш да си го подготвиш срцето за мислите што ќе ги чуеш (Езра 7:10). Кога претседавачот на програмата ќе го најави музичкото интермецо, уживај во слушањето и биди подготвен за уводната песна и молитва.

5. Што ќе му помогне на нашето семејство да има најголема корист од програмата?

5 Ако целото семејство седи заедно за време на конгресот, родителите ќе можат да внимаваат нивните деца добро да ја следат програмата (5. Мој. 31:12). Сите се поттикнати да следат во својата Библија кога ќе се читаат стиховите. За да бидеме повнимателни, добро е да правиме кратки белешки. Подоцна, белешките ќе ти помогнат да се потсетиш на главните мисли од говорите. Немој непотребно да разговараш за време на програмата или да го напушташ своето седиште. Ако имаш мобилен телефон, за време на програмата исклучи го звукот за да не ти пречи ниту тебе ниту на другите. Секој ден за време на паузата и на крајот од програмата, добро е да разговараш со другите за некои мисли што ви се допаднале.

6. Кое посебно обележје го имаат нашите конгреси, и како можеме во потполност да го искористиме?

6 На обласниот конгрес чувствуваме посебна блискост со браќата и сестрите каква што не постои кај луѓето во светот (Пс. 133:1-3; Мар. 10:29, 30). Зошто не си поставиш за цел да се запознаеш со оние што седат околу тебе и да поразговараш со нив за време на паузата за ручек? Ова е една од причините зошто е подобро да си понесеме со себе лесен оброк и да останеме во конгресниот објект наместо да излегуваме во некој ресторан. Немој да ги пропушташ таквите прилики за меѓусебно охрабрување​(Рим. 1:11, 12).

7. На што треба да внимаваме во врска со облеката што ќе ја носиме?

7 Облека: Интересно, Јехова им заповедал на Израелците да си прават реси на скутовите од своите облеки и над ресите да ставаат сина врвца (4. Мој. 15:37-41). Ова требало да ги потсетува дека тие се народ што е одвоен за да му служи на Јехова. Денес, нашата достоинствена, скромна облека што ја носиме на конгресите нѐ одвојува од светот. Така им даваме силно сведоштво на оние што нѐ набљудуваат, дури и кога можеби сме во некој ресторан по програмата. Затоа, добро размисли однапред каква облека ќе носиш.

8. Како би можеле да им сведочиме на другите додека сме во конгресниот град?

8 Користи прилики за да сведочиш: Ако испланираме однапред, би можеле да им сведочиме на луѓето додека сме во конгресниот град. Еден брат кој отишол со сопругата во ресторан по програмата, едноставно ја покажал својата конгресна значка и го прашал келнерот: „Дали видовте многу луѓе со вакви значки?“ Келнерот рекол дека видел и се прашувал зошто луѓето ги носат тие значки. Така започнале разговор и братот го поканил на конгрес.

9. Како ќе покажеме ценење кон нашиот Домаќин, Јехова?

9 Иако говорите, интервјуата и приказите ќе ги изнесат нашите браќа, сепак нашиот небесен Татко, Јехова, е тој што секоја година од љубов ни ја обезбедува ова духовна гозба (Иса. 65:13, 14). Ќе покажеме ценење кон нашиот Домаќин со тоа што ќе присуствуваме секој ден и ќе се насладуваме на секое залче од духовната храна што ни е сервирана. Дали си веќе подготвен за тоа?

[Рамка на страница 6]

Потсетувања за обласниот конгрес

◼ Програмски термини: Секој ден програмата започнува во 9.20 часот. Вратите ќе бидат отворени во 8.00 часот. Кога ќе биде пуштена музика, сите треба да седнеме на своите места за да може програмата да почне на достоинствен начин. Во петок и во сабота програмата ќе заврши во 16.55 часот, а во недела во 16.00 часот. На меѓународните конгреси, програмата за четврток ќе започне во 13.20, а ќе заврши во 16.45 часот.

◼ Чување седишта: Може да чуваш седишта само за оние со кои патуваш во ист автомобил, за своето семејство или за своите гости.

◼ Пауза за ручек: Ве молиме, подобро донесете си нешто за јадење наместо да ја напуштате конгресната локација за време на паузата за да купите храна. Можете да ја понесете во помало фрижидерче за излет што ќе го ставите под седиштето. Во конгресниот објект не се дозволени големи фрижидерчиња, стаклени садови и алкохолни пијалаци.

◼ Прилози: Нашето ценење за конгресот можеме да го покажеме ако пуштиме доброволен прилог во кутиите за меѓународното дело во Салата на Царството или на конгресот.

◼ Несреќи и итни случаи: Ако на конгресната локација се појави потреба од итна медицинска помош, те молиме кажи му за тоа на некој редар, кој веднаш ќе го извести Одделот за прва помош. Таму има медицински оспособена екипа која ќе процени колку е сериозен проблемот и ќе може да помогне.

◼ Обувки: Секоја година се случуваат многу повреди поради несоодветни обувки. Најдобро е да одберете скромни, удобни обувки со кои ќе можете безбедно да одите по скали, на места каде што има решетки итн.

◼ Опрема за снимање: Никаква опрема за снимање не треба да се приклучува на електричната или на разгласната мрежа во објектите. Таква опрема може да се користи само на начин на кој нема да им пречи на другите.

◼ Детски колички и столици на склопување: На конгресното место не треба да се носат детски колички и столици на склопување. Но дозволени се детски безбедносни седишта што ќе бидат прицврстени за седиштата до родителите.

◼ Парфеми: Повеќето конгреси се одржуваат во затворени простории. Затоа, би било љубезно од наша страна да не користиме јаки парфеми, колонски води и дезодоранси кои можат да им пречат на оние што имаат тешкотии со дишењето или други слични проблеми (1. Кор. 10:24).

◼ Формулари за да се посетат заинтересираните: На формуларот Те молиме, посети го ова лице (Ѕ-43) треба да се внесат основните податоци за секое лице што покажало интерес кога сме му сведочеле неформално за време на конгресот. Објавителите треба да си носат со себе на конгресот по два-три вакви формулари. Пополнетите формулари можете да ги предадете во Одделот за литература или да му ги дадете на секретарот во вашето собрание кога ќе се вратите од конгресот. (Види во Нашата служба за Царството од февруари 2005, стр. 6.)

◼ Хотели и студентски домови: 1) Те молиме, не резервирај повеќе соби отколку што ти се потребни, а во собата не треба да ноќеваат повеќе луѓе отколку што е дозволено. 2) Ако мораш да ја откажеш резервацијата, веднаш јави се во хотелот. 3) Немој да готвиш во собите ако тоа не е дозволено. 4) Умерено користи ги бесплатниот појадок и кафето што се обезбедени за гостите во хотелот или студентскиот дом. 5) Секогаш кога му се обраќаш на хотелскиот персонал, покажувај ги плодовите на духот. 6) Ако се појави некој проблем околу хотелската соба, извести го за тоа Одделот за сместување кога ќе дојдеш на конгресот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели