Можеш ли да правиш повеќе во службата?
1. Каква итна потреба има во службата на проповедање, и зошто?
1 Откако видел дека голем број луѓе се заинтересирани за добрата вест, Исус им кажал на своите ученици ‚да го молат Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва‘ (Мат. 9:37, 38). Бидејќи се наоѓаме при крајот на жетвата, нашето дело е поитно од кога и да е порано. Ова значи дека треба да се молиме и да размислуваме како можеме да правиме повеќе во службата (Јован 14:13, 14).
2. Како реагирале некои на повикот за повеќе работници на полето?
2 Како да правиш повеќе во службата: Со помош и водство од Јехова, многумина успеале да започнат со пионерската служба (Пс. 26:2, 3; Фил. 4:6). Некои вложиле посебен труд за да бидат помошни пионери еден или повеќе месеци во годината. Ова им дало убава прилика да прават повеќе во службата. Радоста што ја носи оваа служба поттикнала мнозина да станат општи пионери (Дела 20:35).
3. Ако порано си бил пионер, за што би било добро да размислиш?
3 Можеш ли повторно да бидеш општ пионер: Ако порано си служел како пионер, сигурно имаш убави спомени од тоа време. Дали си размислувал и си се молел за можноста повторно да бидеш пионер? Околностите поради кои си престанал со пионерската служба можеби повеќе не ти се пречка. Можеби сега е време повторно да учествуваш во таа посебна служба (1. Јов. 5:14, 15).
4. Каква неповторлива можност имаме сите ние?
4 Жетвата е во полн ек и наскоро ќе заврши (Јован 4:35, 36). Затоа, добро е секој од нас да си ги преиспита околностите за да утврди дали би можел да направи некои промени за повеќе да учествува во проповедањето. Или, пак, ако тоа не е возможно, можеме ли да се трудиме да бидеме уште поделотворни? (Мар. 12:41-44). Оние на кои околностите им дозволуваат да служат како пионери, имаат навистина голема чест Јехова да ги употреби во ова неповторливо дело! (Пс. 110:3).