Фали го Јехова секој ден
1. На што се поттикнати Божјите слуги, и зошто?
1 Цар Давид бил решен да го фали Јехова „цел ден“, во сета вечност (Пс. 145:2, 7, 21). И ние имаме добра причина да го фалиме Јехова секој ден (Пс. 37:10; 145:14, 18; 2. Пет. 3:13).
2. Како можат семејствата да го фалат Јехова секој ден?
2 Кога сме дома: Имаме многу убави публикации што ни помагаат да водиме длабоки духовни разговори кога го разгледуваме дневниот стих, за време на Семејната вечер посветена на Јехова и кога се подготвуваме за собраниските состаноци. Многу семејства имаат навика да јадат заедно барем еднаш во денот. Така можат без брзање, опуштено да разговараат и да го фалат Јехова. Родителите можат да ги искористат тие прилики да ги воспитуваат своите деца ‚со стега од Јехова и да им помогнат да го усвојат неговиот начин на размислување‘ (Еф. 6:4; 5. Мој. 6:5-7).
3. Како можеме да го фалиме Јехова кога сме со нашите браќа?
3 Кога сме со нашите браќа: Додека сме во службата на проповедање или на собраниските состаноци, имаме прекрасна можност да го фалиме Јехова заедно со нашите соверници (Изр. 15:30; Фил. 4:8; Евр. 13:15). Бидејќи сите го сакаме Јехова, би требало да ни биде лесно во нашите меѓусебни разговори да вклучиме изрази на ценење за Јеховината добрина (Пс. 106:1).
4. Кои прилики треба да ги искористиме за да го фалиме Јехова?
4 Кога зборуваме со другите луѓе: Можеби околностите не ни дозволуваат да учествуваме во службата секој ден. Но, ако барем накратко зборуваме со колегите, со соучениците и со другите околу нас за Јехова и за неговите намери, тоа може да им влее надеж на искрените луѓе (Пс. 27:14; 1. Пет. 3:15). Една сестра која патувала со авион ја искористила приликата да ѝ посведочи на сопатничката до неа. Таа толку се утешила и се охрабрила од разговорот што ѝ ги дала адресата и телефонскиот број на сестрата за да можат и понатаму да контактираат. Додека светот сѐ повеќе тоне во проблеми, Јеховиниот народ продолжува да им носи „добра вест за нешто подобро“ на оние што сакаат да слушаат. Ова им дава надеж на луѓето и ги поттикнува да го слават Јехова (Иса. 52:7; Рим. 15:11).
5. Зошто сакаме да го фалиме Јехова, и што можеме да постигнеме со тоа?
5 Јехова сигурно е многу радосен кога слуша како неговите слуги го фалат секој ден! Исто како видливото творештво, и ние можеме секој ден да го фалиме Јехова кога сме дома, кога сме во собранието и кога разговараме со оние што сѐ уште не го фалат заедно со нас (Пс. 19:1-4).