Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 ноември
„Денес семејствата се под сѐ поголем притисок. Што мислите, како би влијаело врз семејството доколку членовите го имаат овој став на Исус? [Прочитај Матеј 20:28. Потоа почекај да одговори.] Во оваа статија се разгледани пет работи што семејствата можат да ги научат од Исус.“ Покажи ја статијата што почнува на 16. страница.
Разбудете се! Ноември
„Што мислите, дали религијата шири љубов и мир или, пак, омраза и насилство? [Почекај да одговори.] Изгледа дека многумина не се држат за овие зборови на Исус. [Прочитај Матеј 5:44, 45.] Во оваа статија ќе го дознаете одговорот на прашањето: ‚Можно ли е да ги сакаш непријателите?‘“ Покажи ја статијата што почнува на 10 страница.
Стражарска кула 1 декември
„Што мислите, дали еден ден Бог ќе им стави крај на страдањата во светот? [Почекај да одговори.] Слушнете го ова ветување од Библијата што ни дава причина за надеж. [Прочитај еден од стиховите во рамката на 7. страница.] Ова списание кажува што вели Библијата за тоа кога и како Бог ќе им стави крај на страдањата.“
Разбудете се! Декември
„Некои веруваат дека вселената е создадена, а други сметаат дека настанала случајно и без некаква цел. Што мислите вие за тоа? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата во врска со ова. [Прочитај Евреите 3:4.] Ова списание дава разумно објаснување за потеклото и целта на вселената.“