Дали си подготвен да му пееш на Јехова на нашите состаноци?
1 Кога се подготвуваме за нашите состаноци, треба да се подготвиме и за пеење на песните на фалба. Размисли за следниве предлози:
2 Разбери го текстот: Главниот стих и додатните стихови наведени на крајот од секоја песна помагаат да се нагласи библискиот темел за текстот.
3 Вежбај: Секоја седмица, би можел да одвоиш дел од Семејната вечер за да се запознаеш со новите песни. Можеш да вежбаш со помош на снимката од пијано изведбата на песните што ќе се користат на состаноците. За да имаш претстава како ќе се пеат некои од новите песни, од помош може да ти биде и CD-то Пејте му на Јехова — вокална изведба, диск 1, кое го има на неколку јазици.
4 Ќе бидеш ли подготвен овој викенд кога ќе почнеме да ја користиме новата песнарка Пејте му на Јехова на Проучувањето на Стражарска кула? Сигурно ќе бидеш ако одвоиш време за да го разбереш значењето на песните и ако вежбаш да ги пееш.