‚Оваа добра вест ќе биде проповедана‘!
1. Од каде знаеме дека ништо не може да го спречи проповедничкото дело?
1 Апсолутно ништо не може да го спречи Јехова да ја изврши својата волја (Иса. 14:24). Иако судијата Гедеон и неговите 300 луѓе навидум немале никакви шанси да ја победат војската од 135.000 Мадијамци, Јехова му рекол на Гедеон: „Ќе го избавиш Израел од мадијамските раце! Не те испраќам ли јас?“ (Суд. 6:14). Кое дело Јехова го поддржува денес? Исус рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет“ (Мат. 24:14). Никој не може да го спречи извршувањето на оваа дело!
2. Зошто можеме да очекуваме Јехова да ни помага нам лично во службата?
2 Јехова ни помага како поединци: Иако сме уверени дека Јехова ќе им помага на своите Сведоци да успеат како група, дали можеме да очекуваме тој да ни помага и нам лично? Кога се нашол во тешка ситуација, апостол Павле почувствувал дека Јехова му помогнал преку својот Син, Исус (2. Тим. 4:17). Можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе го благослови и трудот што секој од нас го вложува за да ја врши неговата волја (1. Јов. 5:14).
3. Во кои околности ни помага Јехова?
3 Дали поради секојдневните животни грижи остануваш без сили за службата на проповедање? „Тој му ја враќа силата на уморниот“ (Иса. 40:29-31). Дали доживуваш прогонство или противење? „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи“ (Пс. 55:22). Дали понекогаш ја губиш самодовербата? „Оди... и јас ќе бидам со твојата уста“ (2. Мој. 4:11, 12). Дали имаш здравствени проблеми кои те ограничуваат во службата? Без оглед на тоа колкав е твојот удел во службата, Јехова го цени и може да го употреби трудот што го вложуваш со сета душа (1. Кор. 3:6, 9).
4. Како ќе влијае врз нас довербата во Јехова?
4 Јеховината рака „е крената — кој може да ја спушти?“ (Иса. 14:27). Со доверба дека тој ќе ја благослови нашата служба, да продолжиме без престан да проповедаме „смело во името на Јехова“ (Дела 14:3).