ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/10 стр. 1
  • „Не плаши се“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Не плаши се“
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • ‚Смело зборувај ја Божјата реч‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Како Јеховината љубов ни помага да ги совладаме нашите стравови
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Јехова ќе ти даде сила
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Следи го примерот на Исус — проповедај со смелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 10/10 стр. 1

„Не плаши се“

1. Со какви тешкотии слични на оние што ги имал Еремија можеби ќе се соочиме и ние?

1 Кога добил задача да служи како пророк, Еремија сметал дека не е способен за тоа. Но Јехова го охрабрил со зборовите: „Не плаши се“, и љубезно му дал сила да ја изврши задачата (Ерем. 1:6-10). Во наше време, срамежливоста и несигурноста можат да влијаат врз нашата служба. Понекогаш, стравот од тоа како ќе реагираат или што ќе мислат луѓето за нас би можел да нѐ спречи да сведочиме. Како би можеле да ги совладаме таквите стравови и какви благослови ќе добиеме поради тоа?

2. Како подготовката ќе ни помогне да ги надминеме стравовите во врска со службата?

2 Подготви се однапред: Добрата подготовка може многу да ни помогне да ги надминеме стравовите. На пример, ако однапред размислиме на какви приговори би можеле да наидеме, ќе бидеме подготвени да одговориме (Изр. 15:28). За таа цел, за време на Семејната вечер би можеле да се подготвуваме за разни приговори што вообичаено ги слушаме на училиште и во службата (1. Пет. 3:15).

3. Како довербата во Јехова ќе ни помогне да го совладаме стравот?

3 Имај доверба во Јехова: Довербата во нашиот Бог е одличен лек против стравот. Јехова ветил дека ќе ни помага (Иса. 41:10-13). Зарем нешто друго би можело да ни влее поголема сигурност? Освен тоа, Исус нѐ уверил дека, дури и кога ќе се појават неочекувани ситуации, Божјиот свет дух ќе ни помогне да дадеме убаво сведоштво (Мар. 13:11). Затоа, редовно моли го Јехова да ти го дава својот свет дух (Лука 11:13).

4. Какви благослови ќе имаме ако истраеме во службата и покрај тешкотиите?

4 Благослови: Кога истрајуваме во службата и покрај тешкотиите, зајакнати сме успешно да се соочиме и со испитите во иднина. Стекнуваме храброст и смелост — особини што ги имаат оние што се полни со свет дух (Дела 4:31). Освен тоа, кога ги совладуваме нашите стравови со помош на Јехова, ни се зајакнува верата и имаме уште поголема доверба во неговата моќ да нѐ спаси (Иса. 33:2). Исто така чувствуваме радост и задоволство затоа што знаеме дека го радуваме нашиот небесен Татко (1. Пет. 4:13, 14). Затоа, да не се плашиме смело да ја објавуваме веста за Царството, и секогаш да бидеме уверени дека Јехова ќе ни помага!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели