ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/11 стр. 1
  • Ќе биде дадено големо сведоштво

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе биде дадено големо сведоштво
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Изрази им добредојде!
    Нашата служба за Царството 2013
  • Помогни им на оние што ќе дојдат на Спомен-свеченоста
    Нашата служба за Царството 2008
  • Срдечно да ги пречекаме гостите
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Направи да се чувствуваат добредојдено на Споменот
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 4/11 стр. 1

Ќе биде дадено големо сведоштво

1. Освен говорот, што друго може да им остави впечаток на гостите на Спомен-свеченоста? Објасни.

1 Кога? На Спомен-свеченоста. Сите заедно правиме големи напори за да ги поканиме луѓето да присуствуваат на овој настан. Говорот кој гостите ќе го чујат не е единственото нешто што може да им остави впечаток. Откако била на Спомен-свеченост, една жена го пофалила она што го видела — љубезноста на сите присутни и убавата чиста зграда која ја изградиле и ја одржуваат доброволци. Затоа, сите ние, а не само говорникот, придонесуваме да се даде големо сведоштво на овој најважен настан во годината (Еф. 4:16).

2. Како би можел секој од нас да им даде сведоштво на гостите?

2 Срдечно поздрави ги гостите: Нашата искрена насмевка и љубезен поздрав ќе им даде сведоштво на посетителите (Јован 13:35). Дури и ако не можеш да зборуваш со сите, сепак можеш да се запознаеш со оние што се околу тебе (Евр. 13:1, 2). Обрни им внимание на лицата кои стојат сами бидејќи не познаваат никого. Тие веројатно добиле покана за време на акцијата. Би можел да прашаш: „Дали за првпат доаѓате тука?“ Понуди им да седнат до тебе и кажи им дека си спремен да одговориш доколку имаат некое прашање. Ако вашето собрание мора брзо да ја ослободи салата заради следното собрание, би можел да речеш: „Би сакал да го слушнам Вашето мислење за програмата. Постои ли начин повторно да стапиме во контакт?“

3. Како би можеле да им изразиме добредојде на неактивните?

3 Изрази им добредојде на неактивните: На Спомен-свеченоста сигурно ќе дојдат неактивни објавители, меѓу кои ќе има и такви што доаѓаат на состанок само еднаш годишно на оваа свеченост. Поздрави ги и покажи им дека вистински се радуваш што ги гледаш (Рим. 15:7). Старешините можат набрзо да ги посетат дома и да ги поттикнат повторно да станат активни членови на собранието. Се молиме многумина што ќе присуствуваат на овој настан да добијат желба да го слават Бог не само поради тоа што го чуле туку и поради тоа што ‚ги виделе нашите добри дела‘ (1. Пет. 2:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели