ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/11 стр. 2
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Помогни им да се ‚утврдат во верата‘
    Нашата служба за Царството 2013
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (втор дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (прв дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Сите можеме да им помагаме на интересентите да се крстат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 4/11 стр. 2

Прашања

◼ Колку долго треба да проучуваме со интересент кој добро напредува?

Со напреден интересент најдобро е да проучуваме сѐ додека не ги помине двете публикации — Што навистина учи Библијата? и Зачувај ја Божјата љубов. Ова важи и во случај тој да се крсти пред да ги заврши двете книги. По неговото крштавање, ние и понатаму можеме да го известуваме времето, повторните посети и библиската студија. Ако некој објавител нѐ придружува и учествува во проучувањето, и тој може да го извести времето. (Види во Нашата служба за Царството од март 2009, страница 2.)

Важно е новите да имаат добар темел во вистината пред да престанеме да проучуваме со нив. Треба да бидат „вкоренети“ во Христос и ‚да се утврдуваат во верата‘ за да им се спротивстават на искушенијата на кои сигурно ќе наидат (Кол. 2:6, 7; 2. Тим. 3:12; 1. Пет. 5:8, 9). Освен тоа, за делотворно да ги поучуваат другите, ќе мора „добро да ја запознаат вистината“ (1. Тим. 2:4). Ако ги поминеме двете книги со интересентите, ќе им помогнеме да ја зацврстат својата решеност да одат по „патот што води во живот“ (Мат. 7:14).

Пред да му дозволат на некој интересент да се крсти, старешините треба да се уверат дека тој јасно ги разбира основните библиски учења и дека живее според нив. Старешините треба да бидат особено внимателни кога станува збор за интересент кој уште не ја довршил првата книга. Ако некој не е спремен за крштавање, старешините ќе се погрижат тој да ја добие неопходната помош за во иднина да ги исполни условите за крштавање. (Види во книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, страници 217-218.)

[Истакната мисла на страница 2]

Важно е новите да имаат добар темел во вистината

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели