Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во октомври
„Во овие тешки времиња, сите имаат проблеми кои создаваат напнатост во семејствата. Што мислите, каде можеме да најдеме добри совети кои ќе ни помогнат да имаме среќен семеен живот?“ Почекај да одговори. Потоа дај му на станарот една Стражарска кула од 1 октомври и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов на страници 16-17 и најмалку еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате одговорот на едно од следните прашања.
Стражарска кула 1 октомври
Покажи ја насловната страница на списанието и прашај: „Како би се чувствувале кога би дознале дека Ви биле кажувани лаги во врска со Бог? [Почекај да одговори.] Видете што рекол Исус за тоа како можеме да ја разликуваме вистината од лаги. [Прочитај Јован 17:17.] Значи само Библијата ни ја кажува вистината за Бог. Во ова списание се разгледани пет вообичаени лаги за Бог кои ги разоткрива Библијата“.
Разбудете се! Октомври
„Целта на нашата денешна посета е да им помогнеме на семејствата. Според Вас, кој е најголемиот предизвик што го имаат родителите денес додека ги воспитуваат децата? [Почекај да одговори.] На многу родители им користат советите од Библијата. На пример, овие мудри зборови помагаат кога треба да се искараат децата. [Прочитај Ефешаните 4:31.] Во ова списание ќе прочитате како советите од Библијата можат да им помогнат на родителите во секоја фаза од развојот на нивните деца, од раното детство па до крајот на тинејџерските години.“