Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во декември
„Сигурно ќе се сложите дека секому му требаат пријатели. Која особина Вие најмногу ја цените кај еден пријател? [Почекај да одговори.] Видете што вели овде во врска со тоа зошто треба внимателно да ги бираме пријателите.“ Дај му на станарот една Стражарска кула од 1 декември и прочитајте го и разгледајте го текстот под првиот поднаслов на 16. страница. Прочитај барем еден стих. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате одговорот на следното прашање.
Стражарска кула 1 декември
„Сте размислувале ли зошто во последно време има толку многу природни катастрофи? [Почекај да одговори.] Интересно, во Библијата е проречен период што ќе биде обележан со такви катастрофи. [Прочитај Матеј 24:7, 8.] Во ова списание се разгледани прашањата: Зошто денес има толку природни катастрофи? Дали тие се казна од Бог? Има ли основа да веруваме дека Бог наскоро ќе им стави крај на сите природни непогоди?“
Разбудете се! Декември
Прочитај 2. Тимотеј 3:16. Потоа кажи: „Некои се согласуваат, а некои не се согласуваат дека Библијата е напишана под водство на Бог. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Иако има различни мислења во врска со оваа тема, речиси сите се согласуваат дека ниедна друга книга не претрпела толку обиди да биде уништена. Во ова списание е кажано какви сѐ обиди имало низ вековите да се уништи Библијата и да се спречи луѓето да ја читаат. Исто така, кажано е и зошто успеала да опстане.“